Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Работилница на Народната банка во Стопанската комора: Практични аспекти и предизвици за компаниите при вршењето плаќања преку СЕПА
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Работилница на Народната банка во Стопанската комора: Практични аспекти и предизвици за компаниите при вршењето плаќања преку СЕПА
Агровести

Работилница на Народната банка во Стопанската комора: Практични аспекти и предизвици за компаниите при вршењето плаќања преку СЕПА

Објавено 29/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во соработка со Стопанската комора на Република Северна Македонија, Народната банка организира работилница за деловната заедница. Целта беше компаниите да се запознаат одблизу со новите услови и начинот на извршување на прекуграничните плаќања во евра, како и со конкретните придобивки од членството на земјата во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Ова е прва ваква работилница наменета за деловната заедница, на која присуствуваа повеќе од 60 компании, главно од извозно-увозниот сектор. За нив СЕПА е од посебно значење, бидејќи голем дел од надворешната трговија и финансиските трансакции се остваруваат токму со земјите од СЕПА.

Работилницата е дел од активностите на Народната банка за појаснување на можностите за компаниите и за подобро искористување на придобивките по оперативното приклучување на домашните банки кон СЕПА. Покрај презентирање на практичните аспекти на плаќањата преку СЕПА, на настанот се одвиваше и директна дискусија со компаниите, размена на искуства и се увидоа предизвиците со кои се соочуваат при користењето на овие услуги.

Во текот на дискусијата се истакна дека СЕПА овозможува побрзи, поевтини и потранспарентни плаќања во евра, со предвидливи трошоци и поедноставени процедури. Имено, со плаќањата преку СЕПА, компаниите имаат во просек осумкратно пониски надоместоци за одливните плаќања, а тројно пониски надоместоци за приливите на износ од 20.000 евра во споредба со СВИФТ/кореспондентните трансфери. Ова носи заштеда од стотици до илјадници евра годишно за компаниите што редовно тргуваат со компании од четириесетте земји од СЕПА, што, пак, директно помага за подобро управување со ликвидноста и ја зголемува конкурентноста на македонските компании на меѓународните пазари.

Народната банка и понатаму ќе биде посветена на максимално искористување на придобивките од членството во СЕПА од страна на деловната заедница. Таа и во иднина ќе поведува вакви иницијативи, во тесна соработка со стопанските комори, банките и компаниите, за да се продлабочи интеграцијата на домашната економија во европскиот платежен простор.

Народна банка

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Народната банкаработилницаСЕПАСтопанската комора
Претходен напис Стартува Програмата БРОЕ – ќе се работи на заштита на природата и јакнење на отпорноста на екосистемите
Следен напис Димитров: Платата не е работа на желби, туку на економски критериуми
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?