Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитров: Платата не е работа на желби, туку на економски критериуми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитров: Платата не е работа на желби, туку на економски критериуми
Агровести

Димитров: Платата не е работа на желби, туку на економски критериуми

Објавено 29/01/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Платата не е работа на желби, туку на економски критеруми кај кои нема зголемување за износ на кој ќе се темели барањето за минимална плата од 36 илјади денари. Износот од 57 проценти на минималната плата кај нас во однос на просечната е највисока заштита што ја има кој било работник во Европа, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачите на Македонија.  

Димитров потсетува дека кај нас со закон е предвидено дека минималната плата не може да биде под 57 проценти од просечната плата, што, посочува, е повисок износ во однос на Европската унија, каде е околу 50 проценти. 

– Мислам дека треба разум, платата не е работа на желби, туку на економски критеруми. Затоа во Европската Унија четири години се расправаше за Директивата за минимална плата и првин што утврдија е дека не може во цела Европа да има една минимална плата затоа што земјите не се на ист степен на економски развој. Донесе директива со која минималната плата, за да не предизвика економски проблеми, треба да се движи околу 50 проценти. Во Македонија отидовме уште понатаму. Во нашиот закон е предвидена дополнителна заштита дека минималната плата не може да биде помалку од 57 проценти од просечната плата. Ако сега 50 проценти од инфлацијата и 50 проценти од порастот на просечната  плата падне под 50, ќе го земеме вториот критериум, 57 проценти од просечната плата, што мислам дека е највисока заштита што ја има кој било работник во Европа – изјави Димитров за МИА. 

Износот од 36 илјади денери што се бара, посочува Димитров, не се заснова на ниеден економски критериум.

– Не само на законските основи, каде што платата треба да се усогласи со порастот на инфлацијата од 4,2 проценти и порастот на просечната плата над 9 проценти, туку е, едноставно, од рака затоа што 36.000 во однос на сегашната минимална плата е пораст од речиси 50 проценти, односно 47 проценти. Кои економски параметри пораснале за 47 проценти, БДП, продуктивност, износ на вкупно производство? Нема економски критериум што пораснал толку. Од друга страна, фактички тоа ќе значи крах за сите трудоинтензивни дејности, кои сега имаат плата под 36.000 денари, тоа се многу работници, бидејќи, на пример, и оние што вадат лигнит во рудниците од РЕК имаат просечна плата од 32.000 денари, значи и тие од прв до последен треба да земаат иста плата – рече Димитров. 

Дополнува дека „во барањето на синдикатот не се земени никави економски критеруми и оти единствено се држат на нивната потрошувачка кошничка“, која, посочи, Владата на некој начин ја оспори и треба да излезе со друга. Слично, истакнува, како што се случи сега во Словенија каде работодавачите реагираа ако само Синдикатот ја прави синдикалната потрошувачка кошничка таа е подложна на многу субјективизам. 

Димитров наведува и дека сите што имаат просечни плати под 36 000  денари,  скоро 100 000 вработени во државава, ќе се најдат во многу незгодна ситуација затоа што ќе треба од првиот до последниот работник да имаат иста минимална плата. – Тогаш добрите работници,  тие со повисоко звање нема да може да се наградат.  Ќе падне продуктивноста, слично како во 2018 година кога имавме  огромно зголемување од 15 000 на 18 000 денари и пропаднаа 1400 компании, вели Димитров.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ДимитровжелбикритериумиПлатата
Претходен напис Работилница на Народната банка во Стопанската комора: Практични аспекти и предизвици за компаниите при вршењето плаќања преку СЕПА
Следен напис Поддршка од МЛС, Град Скопје и ЗЕЛС за иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?