Вирусот на птичјиот грип, кој се шири во САД и забрзано станува најлошата епидемија во земјата, веќе „однесе“ повеќе од 37 милиони кокошки и мисирки, а се проценува дека оваа бројка ќе се зголеми до почетокот на јуни бидејќи фармерите вршат масовен отстрел, пренесува Блумберг.
Според инструкциите на федералната влада, на фармите мора да се уништат цели комерцијални јата живина доколку само една е позитивна на вирусот, за да се запре ширењето на инфекцијата. Резултатот од таа мерка се вознемирувачки сцени од рурална Америка, додава њујоршката агенција.
Во Ајова, живината се уништуваат на огромни фарми со задушување на високи температури или со отровна пена, а во Висконсин се забележани колони камиони дампери кои ја собираат мртвата живина и ги натрупуваат на неискористени полиња.
Кризата со птичјиот грип главно ги погодува кокошките несилки и мисирките, а болеста главно ја шират дивите птици преселници кои летаат во јата над фармите и испуштаат измет во кругот на живинарските куќички.
Според Блумберг, поради птичјиот грип цената на месото од живина во САД скока на рекордно ниво, што придонесува за најбрзиот раст на инфлацијата во последните четири децении, додавајќи дека се случува дефицитот на понудата на месо од живина во Америка, предизвикан од птичјиот грип во време кога светските цени на храната достигнуваат нови максимуми.
