Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ПСД „Орле“: Намалениот водостој на Тиквешко Езеро, проблем за развој на спелеотуризмот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > ПСД „Орле“: Намалениот водостој на Тиквешко Езеро, проблем за развој на спелеотуризмот
Шумарство и водостопанство

ПСД „Орле“: Намалениот водостој на Тиквешко Езеро, проблем за развој на спелеотуризмот

Објавено 07/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Планинарско спортското друштво „Орле” е една од засегнатите страни во случајот со водостојот на Тиквешкото Езеро.

Намалениот водостој на Тиквешко Езеро претставува проблем за развој на спелеотуризмот и спелеолошки истражувања, бидејќи брегот на езерото располага со прекрасни пештери, изјави за МИА, Никола Минчоров, претседател на Планинарско спортското друштво „Орле” од Кавадарци.

– Планинарско спортското друштво „Орле” е една од засегнатите страни во случајот со водостојот на Тиквешкото Езеро. Друштвото, од постоењето до денес, се занимава со спелеологија на теренот околу Кавадарци. Регистрирани се околу 40 пештери, полупештери и пропасти или јами. Токму нас не засегаат пештерите околу брегот на Тиквешкото Езеро. Затоа е неопходен нормален водостој на езерото, за развој на спелеотуризмот и спелеолошко истражување – изјави Минчоров.

Неколку странски спелеолошки експедиции во изминатиот период биле во посета на овие пештери.

– Беа воодушевени од тоа што го имаме крај езерото и најавија дека пак ќе дојдат, но сега голем проблем претставува водостојот на Тиквешко. Проблематични се и посетите на домашни посетители, кои беа заинтересирани туристички да влезат во пештерите. Веруваме дека проблемот ќе се надмине и дека развојот на спелеотуризмот ќе продолжи – рече тој.

Минчоров нагласи дека поради водостојот на езерото, им се скратиле и дел од активностите, меѓу кои и соодветна заштита на животинскиот свет во пештерите.

– Во пештерите постојат 24 видови на лилјаци, а кај нас има околу пет вида. Тие се хранат со инсекти и претставуваат природни инсектициди. Како такви, се значајни во синџирот на природата. Со намалениот водостој, им се намалува храната, па или умираат, или се селат, појасни тој.

Минчоров ги спомена и најзначајните пештери крај Тиквешкото Езеро. Една од нив е тешко пристапната Будимирица, кај вливот на реката Каменица во езерото. Подолу е Црквиче, пештера која спаѓа во редот на хоризонтални лaвиринти, во која има манастир од 16 век, како и археолошки наоѓалишта. За неа тој рече дека може да се уреди во туристички цели, има и колонија од лилјаци.

– Чулеица е малку позната за луѓето. На десната страна од езерото, по течението на Црна Река која се влева во езерската вода. Има голема колонија на лилјаци и може да се пофали со речиси сите пештерски украси. Позната е како партизанска пештера, има три нивоа, појасни претседателот на „Орле”.

Таму кајшто Црна се влива во езерото, е Галишка пештера.

– Влезот е во вертикала од шест метри, а вкупната должина и е 150 метри. Пештерата е активна, ги поседува речиси сите пештерски украси. Меѓу другото, позната е по пештерските бисери. Има колонија со лилјаци. Влезот го заштитиме, за да не се уништува од несовесни и трагачи по богатства, дециден беше Минчоров за МИА.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:Тиквешко езеро
Претходен напис Повторно поскапуваат горивата, цената на дизелот се зголемува за два денари
Следен напис Здружението „Тиквешки лозароовоштари“ бара винариите да кажат колку грозје ќе откупат годинава и под кои услови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?