По речиси една година интензивна работа, градот Тетово ја добива својата прва продавница со земјоделски производи од локални фармери – воедно прва од ваков вид на национално ниво.

Оваа продавница ќе понуди различни земјоделски производи произведени од фармерите од регионот на Шар Планина, создавајќи директна врска помеѓу производителите и потрошувачите. Покрај својата продажна функција, таа ќе служи и како место за средби и соработка на членовите на Земјоделската задруга Шари, кои беа директни корисници на проектот „Зајакнување на руралните области: Поттикнување на одржливоста во локалните заедници“.



Оваа интервенција има за цел да го подобри животот на руралните фармери преку зголемување на производството и нивните приходи, со фокус на промоцијата на традиционален планински производ од Шара.



Проектот е имплементиран од Центарот за едукација и развој – ЦЕД, со поддршка од We Effect Europe и Амбасадата на Шведска.
