Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прва контаминирана фарма на патки од птичји грип во Франција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прва контаминирана фарма на патки од птичји грип во Франција
Агровести

Прва контаминирана фарма на патки од птичји грип во Франција

Објавено 09/12/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првата француска фарма, која произведува патки во Ланд, е контаминирана од птичји грип откако беше регистрирано враќањето во ноември на оваа вирусна болест, соопшти денеска Министерството за земјоделство. Болеста неодамна беше откриена во Франција во продавниците за миленичиња и во дивината, но не и во фармите, јави дописникот на МИА.

– Како превентивна мерка, на 6 декември е наложено колење на 6.000 патки на фармата лоцирана во општината Бенес-Марем, се наведува во соопштението.

Од недела, префектурата Ландес изрази „силно сомневање“ за контаминација со вирусот на птичји грип од видот Х5Н8 во оваа фарма, по забележувањето на висока смртност. „Со цел да се контролира ризикот од ширење на вирусот, забрането е движење на живина“ на површина од 10 километри околу изворот на контаминација „каде што мора да се почитуваат строги здравствени мерки“, потенцира Министерството. Тоа укажува на тоа дека инфекцијата со вирусот Х5Н8 е потврдена од националната референтна лабораторија.

Вирусот, „непренослив за луѓето, циркулира активно во дивиот свет во Европа преку птици преселници“, потсетува Министерството. Првите француски случаи беа откриени во ноември во продавници за животни, на Корзика и во Ивелин, сите снабдени со гуски.

Неколку случаи на оваа болест, која е многу заразна и погубна за птиците, исто така се потврдени меѓу дивиот свет. „Дива Гуска во Лоара-Атлантик и три лебеди во Меурт-е-Мозел беа откриени угинати на крајот на минатата недела, по што е потврдено дека се погодени од истиот вирус Х5Н8, соопшти денес француското Министерството.

Властите систематски посочуваат дека „птичјиот грип не се пренесува на луѓето преку потрошувачка на месо од живина, јајца, мастен црн дроб за паштета и општо каков било прехранбен производ“. Производителите стравуваат од незадоволство на потрошувачите за нивните производи, додека кризата поврзана со пандемијата на коронавирусите веќе ја влоши продажбата на паштета.

Фармерите на патки на југозапад од Франција беа погодени двапати, во зимите 2015/16 и 2016/17, од епизоотијата на птичјиот грип, што предизвика масовно уништување за искоренување на болеста и тоа ги чинеше производителите стотици милиони евра.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:паткиПтичји грипФранција
Претходен напис 5 причини зошто е корисно ПИВОТО, само без претерување!
Следен напис Многу необично и квалитетно – Козјо сирење со кора од даб!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?