Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прв термин за вадење документи во јануари, речиси милион граѓани веќе ги смениле
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прв термин за вадење документи во јануари, речиси милион граѓани веќе ги смениле
Агровести

Прв термин за вадење документи во јануари, речиси милион граѓани веќе ги смениле

Објавено 21/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тешко се доаѓа до термини за вадење лични документи, а и кога ќе се најде, првиот е за јануари. Министерот Оливер Спасовски вели дека така било и минатата година и дека документите се издаваат во законските рокови.

„Секако дека фреквенцијата е зголемена. Не само оваа година, туку и минатата. До 2019 година најголемиот метеж бил во јуни, јули, август. Минатата година за истиот период имавме околу 50.000 барања за промена на лични документи. Како што наближија годишните одмори, има и зголемена фреквенција, но вие денови опаѓа. Има градови во кои и нема голем метеж, а се работи и во сабота“, вели Спасовски.

Според него, доколку се почитуваат термините и не се бара вадење документи од денес за утре – сите ќе имаат лични карти, пасоши и возачки дозволи навреме.

„Секако дека јавувањата и редот што се воспоставува, закажувањата термини е во првите слободни термини. Од град во град тие се такви какви што се. Најважно е што сите ние што сакаме да добиеме термини, да го почитуваме оној што ќе ни го доделат.

Изместувањето на терминот значи проблем за целиот систем“, додаде Спасовски.Според него динамиката на издавање документи е добра и наскоро ќе се релаксира системот со нови мерки.

„Во наредните денови ќе имаме предлози за релаксирање на системот. Речиси еден милион граѓани ги смениле документите. Динамиката е добра“, додаде министерот. Но, тој тврди дека никој нема да биде казнет ако до февруари не извади документи со новото име на државата.

„Нема да има проблем во остварувањата на правата. Според динамиката што ја имаме, успешно ќе се завршат промените на документите. Нема да има казнување на граѓаните. Во континуитет, како што ќе се одвиваат состојбите, такви одлуки ќе носиме, во интерес на граѓаните“, рече Спасовски. Тој е дециден дека во законскиот рок се постигнува да се издадат документите.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:документацијајануариЛични картиОливер Спасовскитермин
Претходен напис Пад на откупните цени на малините и капините во Србија
Следен напис Николовски: Северна Македонија, 22 земја во светот во производство на вино
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?