Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прв случај на птичји грип кај овца во Велика Британија: Фармерите повикани на внимателност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прв случај на птичји грип кај овца во Велика Британија: Фармерите повикани на внимателност
Агровести

Прв случај на птичји грип кај овца во Велика Британија: Фармерите повикани на внимателност

Објавено 24/03/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Главниот ветеринар на Обединетото Кралство потврди дека за првпат е откриен случај на птичји грип кај овца на британска фарма во Јоркшир, североисточна Англија, каде болеста веќе била присутна кај живина. Случајот кај една овца бил идентификуван преку повторени позитивни тестови на млеко во рамки на рутинскиот надзор на добитокот на фармата, каде беше потврден птичјиот грип H5N1 кај птиците, пренесува ДПА.

Откритието следи по појавата на болеста кај млечни крави во САД. Заразената овца беше хумано усмртена, а во остатокот од стадото не е откриена дополнителна инфекција, соопшти владата. Иако ова е прв случај на птичји грип кај овца, официјалните лица истакнаа дека вирусот бил забележан кај добиток во други земји и дека нема зголемен ризик за популацијата на добитокот во Велика Британија. Сепак, тие ги повикаа земјоделците и одгледувачите да бидат внимателни и да применуваат строги биосигурносни мерки за да го спречат ширењето на болеста.

„Потврдивме присуство на птичји грип H5N1 кај една овца на фарма во Јоркшир. Воведени се строги мерки за да се спречи понатамошно ширење. Ризикот за добитокот останува низок, но ги повикувам сите сопственици на животни да одржуваат високо ниво на хигиена и веднаш да пријават знаци на инфекција во Агенцијата за здравје на животни и растенија, изјави главниот ветеринар Кристин Мидлмис изјави.

Националното здружение на одгледувачи на овци (NSA) нагласи дека случајот е ограничен на мала фарма и не претставува ризик за безбедноста на храната. Извршниот директор Фил Стокер рече: „Ова не е закана за потрошувачите, но покажува колку е важна биосигурноста. Во овчарството често мислиме дека тоа се однесува само на купување добиток, но овде овците и живината биле заедно, што довело до пренос на вирусот.“ Тој додаде дека мешањето на видовите треба да се избегнува, особено кога делови од Англија се под задолжително држење на живина во затворено поради птичји грип.

Професорот Иан Браун од Институтот Пирбрајт, водечки центар за изучување на животински болести, рече дека откритието не е неочекувано со оглед на близината со заразени птици, но е рано да се каже дали вирусот може да се шири меѓу овците. „Ова беше изолиран случај на мала фарма со мал број птици и овци“, додаде тој, нагласувајќи ја важноста на одвојувањето на видовите и хигиената. 

МИА

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:Велика БританијаовцаПтичји грип
Претходен напис Мицкоски: Цената за откуп на тутун е 400 денари по килограм и 100 денари субвенции, продолжуваме посветено да работиме во интерес на земјоделците
Следен напис Огромна побарувачка за струмичката зелка, цел принос се откупува
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?