Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Огромна побарувачка за струмичката зелка, цел принос се откупува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Огромна побарувачка за струмичката зелка, цел принос се откупува
Агровести

Огромна побарувачка за струмичката зелка, цел принос се откупува

Објавено 24/03/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нема одмор, градинарите имаат полни раце работа. И оваа година производителите на зелка ги насадија површините во Струмичкиот регион, со надеж за добар род и заработка, особено на домашниот пазар. Зелката добро роди, а и квалитетот е одличен.

Струмица отсекогаш е позната по одгледување на раноградинарски култури, пред се зелка, пиперки, краставици и домати, па многу земјоделци се одлучуваат токму за производство на овој вид на зеленчук.

Живко Милчев сопственик на откупниот пункт Вен вочар од село Муртино – Струмичко, вели дека откупот на зелка е во полн ек, поголемиот дел од зелката се извезува на пазарите во Украина, а дел завршува и на домашниот пазар. Освен што откупуваат од градинарите тие имаат и сопствено производство на зелка и краставици.

-Имаме 15 декари засадено со зелка и 5 декари со краставици, задоволни сме од родот и секако квалитетот. Имаме голема побарувачка, дневно откупуваме по 40 илјади парчиња пиперки, краставиците ги пласираме на нашите пазари, а 4 тони испративме за Украина. Лани откупивме 1.700 тони зелка и 1.600 тони краставици, рече Живко.

На почетокот на бербата пролетната зелка во струмичко се откупуваше по цена и до 65 денари за килограм па задоволно триеја раце и трговците и производителите. Информациите од терен тогаш покажаа дека ваквата висока цена на зелката се должи на зголемената побарувачка, но и недостигот на пролетна зелка во земјите од соседството. Пролетната зелка чија откупна цена денес се движеше од 35 до 40 денари за килограм во најголем дел се извезува во Украина, Полска како и Бугарија и Романија.

Инаку зелката неколку години е најизвезуваниот зеленчук од Македонија. Почетната откупна цена на зелката секогаш е висока за првите берби и до крај на бербата цената паѓа но земјоделците главно се задоволни од просечната цена која ќе ја имаат со завршување на сезоната. Поголемите производители на зелка и тие што порано ја засадиле веќе се при крај на бербата, а најголем бум се очекува кон крајот на овој и почетокот на наредниот месец.

Земјоделците со кои разговаравме велат дека зелката има одличен квалитет, ги применуваат сите агротехнички мерки, така да како што велат работата и маката на оние кои засеале зелка оваа година ќе биде награден. Инаку, покрај пролетната зелка на откупните пунктови во Струмичко се наоѓаат и младите лути пиперки кои се откупуваат по 80 денари за килограм како и краставици од домашните произодители чија цена се движи од 75 до 80 денари за килограм.

Во Струмичкиот регион се засадени околу илјада хектари под пролетна зелка и се очекува принос од над 50 илјади тони.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Зелкацена
Претходен напис Прв случај на птичји грип кај овца во Велика Британија: Фармерите повикани на внимателност
Следен напис Трипуновски: Во наредните десетина дена минималната откупна цена на пролетната зелка да изнесува 40 денари, предложија откупувачите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?