Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Протестите во Холандија не стивнуваат – 11.200 фарми ќе престанат со работа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Протестите во Холандија не стивнуваат – 11.200 фарми ќе престанат со работа
Агровести

Протестите во Холандија не стивнуваат – 11.200 фарми ќе престанат со работа

Објавено 26/07/2022
Сподели
4 мин. за читање
Facebook
Сподели
Ad imageAd image

Протестите на земјоделците во Холандија не се завршени, а проблемите поради кои ги започнаа се уште се актуелни. Во знак на поддршка, населението го поставува холандското знаме наопаку покрај патиштата и на мостовите, што стана знак на протест, пренесува Agroklub.

За време на викендот, во Најмеген се одржа четиридневниот меѓународен настан (Four Days Marches) Четиридневни маршеви, а фармерите им поделија сирење, јајца и млечни производи на учесниците. Но, не се појавија на целта бидејќи преку судски пат им беше дозволено само педесет демонстранти и еден трактор, иако најавија доаѓање на 500.

Фото/Facebook

Организацијата за млади земјоделци во Фрислан, AJF, во саботата имаше акција на пазарот во Херенвен, а нивната цел била да ги запознаат граѓаните со проблемот. Донеле две крави. Риа 871, стара пет и пол години и Лида 803, стара повеќе од осум години. На придружните плакати се прикажани информации за тоа колку години имаат, колку млеко даваат дневно, како и за бројот на телиња што ги отелиле. Сограѓаните ги прашале која од овие две е вишок.

Нема земјоделци, нема храна!

Претставници на организацијата на Одбранбените сили на земјоделците (FDF) патуваат во Полска за да разговараат за кризата во Холандија. Во Варшава тие ќе се сретнат со министрите за земјоделство и рурален развој и правда, како и со бројни организации.

Фото/Facebook

„Тие се плашат од последиците од Зелениот договор во нивната земја“, рече во четвртокот лидерката на FDF, Сиета ван Кеимпема. Според неа, Полска сака да знае дали Холандија ги почитува европските правила. Таа изјави дека сегашната политика на холандската влада за експропријација на земјата нема правна основа и дека ги прекршува правилата.

Земјоделците во оваа земја се борат со многу проблеми. И таму протестите се редат еден по друг. Тие укажаа на проблемот со недостиг на откуп на јаболка, евтини житарки од Украина, недостиг на шеќер во времето на правење зимници, уништување на добиточниот фонд и воопшто земјоделството.

Во саботата се одржани собири во Амстердам, но и ширум светот. Поддршка им доаѓа од Канада, Австралија и Италија. Протестот започнал од плоштадот Дам, каде што биле паркирани трактори и камиони со превртени
знамиња.

Поддршка стигнала и од Канада. Во оваа земја премиерот Џастин Трудо претстави нов климатски план за намалување на емисиите на азот за 30 отсто. Тоа може да доведе до затворање на многу фарми. Таму демонстрантите се собрале пред холандскиот конзулат и извикувале: „Нема земјоделци, нема храна!“

Своја поддршка испрати и Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД.

Имало многу италијански земјоделци. Над 2.000 од нив се упатиле со 700 трактори кон градот Катанзаро, седиштето на истоимената провинција.

Ќе се преполови бројот на холандскиот добиток

Владата објави детали за намалената количина на емисии на азот потребни за заштита на повеќе од 150 природни резервати. Земјоделскиот сектор е најмногу на удар, а бројот на добитокот би требало да се преполови.

Најважните прашања за намалување на емисиите на азот остануваат неодговорени. Во објавените документи Владата не ги дала одговорите кои ги мачат производителите. За разлика од нив, Министерството за финансии објави свои пресметки, во кои се наведува дека на земјоделците им се наметнуваат построги барања за азот отколку што е потребно. Тие сметаат дека целта би се постигнала со намалување на емисиите за 30 килотони, наместо предложените 40 килотони. Според сегашните планови, 11.200 фарми ќе престанат со работа, а уште 17.600 мора значително да го намалат својот добиток.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:протестиХоландија
Претходен напис Гори во Струмичко и во Тетово, локализирани осум пожари
Следен напис Македонија, Албанија и Србија заедно обезбедуваат храна и струја за своите граѓани пред почетокот на кризната зима – втор ден интензивна агенда на Отворен Балкан во Тирана
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?