Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Протест на земјоделци од 14 горнополошки села пред „Водостопанство“ во Гостивар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Протест на земјоделци од 14 горнополошки села пред „Водостопанство“ во Гостивар
Агровести

Протест на земјоделци од 14 горнополошки села пред „Водостопанство“ во Гостивар

Објавено 16/01/2025
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделци од 14 горнополошки села денеска протестираа пред седиштето на АД „Водостопанство на РСМ“ во Гостивар, заради градежните интервенции на каналот за наводнување, со што, како што велат, се намалува количината на вода за наводнување.

Од АД „Водостопанство“ во Гостивар, одговорноста ја префрлија на локалната самоуправа која во септември, делот на каналот кој минува низ населбата „шеста зона“ го преуредува во улица, а протокот на вода го насочува низ цевковод.

Живко Јовановски, земјоделец од селото Теново, во име на собраните земјоделци ја појасни состојбата и проблемите со кои се соочуваат земјоделците кои обработуваат околу 3.600 хектари земјиште. Тој смета дека со покривањето на каналот драстично се намалува капацитетот на проток на вода од 4,1 м3 во секунда на еден кубен метар. Јовановски тврди целиот зафат е изведен без да се почитуваат законите и дека по пријавите, овластен градежен инспектор на општина Гостивар на 17.10. 2024 година донел и решение за стопирање на градбата.

– Бараме под итно надлежните органи и институции да преземат мерки, да го вратат каналот за наводнување во првобитна состојба. Да не се доведеме во ситуација ние напатени земјоделци кои сме вложувале и сè уште вложуваме, со вакви девијантни потези и однесувања на поединци и институции да ни се кратат правото на живот и егзистенција за нас земјоделците и нашите семејства и поколенија. Вака, нашите земјоделски површини ќе останат без неа вода и нема да има род, рече Јовановски.

Од гостиварската подружница на АД „Водостопанство на РСМ“ велат дека ги презеле сите законски мерки и реагирале кога почнале градежните активности. Пред новинарите, покажаа и документи со кои барале да се стопираат додека не се обезбедат сите потребни согласности. Побарале и од дирекцијата во Скопје, но како што вели раководителката на подружницата Јулијана Николиќ, работите продолжиле и врз каналот сега има асфалт.

– Откако увидовме за каков зафат се работи и последиците кои произлегуваат ние ги информиравме нашите корисници дека може да се случи да не добиваат доволно вода за наводнување, па дури и да ја нема. Ние на општината им понудивме соработка, тие зафати да се изведат стручно и со помош на нашите експерти, но не добивме одговор ниту пак имаше желба за соработка, вели Николиќ.

Таа потврди дека во минатото имало забелешки на локалните жители покрај чии куќи минува, но како што кажа, досега не биле во можност да го реконструираат. Николиќ посочи дека каналот се злоупотребувал и често се користи за фрлање отпад, па дури и за влевање на отпадни води, токму од локалните жители.

Од општина Гостивар за барањата од протестот и за целиот случај излегоа со соопштение. Во него ги наведуваат причините за преземање на мерки, кои биле насочени пред сè кон обезбедување на поголема сигурност на граѓаните во населбата „шеста зона“.

– За овој повеќегодишен проблем, општината постојано поднесуваше барања за негово надминување. Заради ненавремената реакција од надлежните, се потрудивме како локална власт да им излеземе во пресрет на нашите граѓани и барем да го ублажиме овој проблем. Со оваа вложување, во рамките на проектот за канализација, изнајдовме соодветно решение за каналот што минува низ населено место. Таквиот пристап наиде на одобрување од страна на граѓаните додека траеа градежните работи на терен, стои во соопштението од службата за информирање на општина Гостивар.

Со овој проект, посочуваат од локалната самоуправа, нема повеќе да се влеваат отпадни води од околните куќи во каналот, туку сега тие се пренасочени кон канализацискиот систем. Со покривањето на каналот опасноста од трагедии се намалува, иако сме биле сведоци кога деца се давеле во водата.

– Ја уверуваме јавноста дека протокот на водата низ каналот не е прекинат, туку поставен е систем на цевки низ која тече и се спроведува. На овој начин само придонесовме за зголемена безбедност на жителите, велат од општина Гостивар.

Општинската власт смета дека мотивите за протестот имаат заднина и апелира овој случај да не се злоупотребува за дневни политички цели и лични интереси, да не шират дезинформации и да не се манипулираат земјоделците.

Кон крајот на септември минатата година, општината преуреди и покри околу триста метри од отворениот канал и притоа прошири улицата која почнува од населбата Малеарди и ја поврзува со населбата „шеста зона“

Каналот кој носи вода од реката Вардар и Шарпланинските водотеци е наменет за наводнување на нивите во Горни Полог (од Гостивар до селото Жеровјане) Тој е изграден во 1964 година, последната негова реконструкција била во 1984 година има значително влијание во наводнувањето на нивите во овој дел од земјава.

Земјоделците побараа од надлежните институции да преземат мерки и за најмногу 20 дена да бидат известени, за да како што рекоа на протестот не бидат се доведени во неповолна ситуација во време на подготовка на земјоделските површини. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:14 горнополошки селаВодостопанствоГостиварземјоделципротест
Претходен напис Дизелот поскапува, а цената на бензините не се менува
Следен напис (ВИДЕО) Управување на два трактора во исто време
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?