Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Протест на пчеларите во Атина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Протест на пчеларите во Атина
Агровести

Протест на пчеларите во Атина

Објавено 22/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со сандаци за чување пчели, со средства за производство на мед, со камиони и други возила, пчелари од цела Грција, денеска пристигнаа во Атина и одржаа протест пред грчкиот Парламент за да ги истакнат нивните барања, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Федерацијата на пчеларските здруженија од Грција најавија дека на протестот симболично ќе учествуваат и 20 пчеларски камиони, а нивните барања и проблеми што се однесуваат на зголемените трошоци за производство и увезениот мед што се продава како домашен ќе ги достават до Парламентот и Министерствата за земјоделство и транспорт.

Претседателот на пчеларското здружение од градот Кардица Сакис Никопулос во разговор со дописничката на МИА од Атина, вели дека нивниот сектор се соочува со многу проблеми, но во овој момент за нив најважни се три теми.

-Првиот проблем е увозот во Грција на странски мед од трети земји со сомнителен квалитет, што тука се продава како грчки, вториот е зголемениот трошок за производство, што е особено висок и ја прави нашата професија тешка и тешко одржлива и третиот проблем се климатските промени и намаленото производство поради временските појави, вели за МИА претседателот на пчеларското здружение.

Протестот на пчеларите доаѓа по завчерашниот протест на земјоделците, а денеска во Атина се одржуваат уште две одвоени демонстрации: студентите по седми пат ќе одржат собир против отворањето на приватните факултети, додка пак вработените во државните болници, организирани од нивната федерација утрово протестираа низ атинските улици се до Министерството за здравство за да ги истакнат проблемите во здравствениот систем.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:атинапротестпчеларите
Претходен напис Единствено во НАЈК ПРОМ ДООЕЛ! ТРАКТОР LOVOL 604  –  Моќен, Современ, Економичен
Следен напис Николовски: Започнати се активностите за проектирање на системот за наводнување од браната Лисиче, обезбедуваме наводнување за 3.500 хектари нови земјоделски површни од регионот на Велес и Чашка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?