Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Започнати се активностите за проектирање на системот за наводнување од браната Лисиче, обезбедуваме наводнување за 3.500 хектари нови земјоделски површни од регионот на Велес и Чашка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Започнати се активностите за проектирање на системот за наводнување од браната Лисиче, обезбедуваме наводнување за 3.500 хектари нови земјоделски површни од регионот на Велес и Чашка
Агровести

Николовски: Започнати се активностите за проектирање на системот за наводнување од браната Лисиче, обезбедуваме наводнување за 3.500 хектари нови земјоделски површни од регионот на Велес и Чашка

Објавено 22/02/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во рамки на теренските активности во Велес оствари посета на браната Лисиче, уште еден значаен капитален проект во водоснабдувањето на земјоделските површини.

Изградбата на браната Лисиче, пред се, имала цел да го реши проблемот, кој градот Велес и околните населени места го имаа со водоснабдувањето, обезбедувајќи квалитетна вода за пиење на граѓаните. Дополнителна цел на браната Лисиче, уште при нејзиното планирање, е да обезбеди наводнување на земјоделските површини од овој регион, како и можност за користење на хидропотенцијалот од браната.

„Градиме модерни системи за наводнување, обезбедувајќи сигурно земјоделство. Денес, конечно после 15 години од пуштањето на овој систем во употреба, се компелтираат сите 3 фази предвидени со основниот проект на браната Лисиче. Покрај обезбедување на квалитетна и чиста вода за пиење на граѓаните од овој систем, преку исградбата на паралелен цевковод, се отвора можноста и за наводнување на земјоделските површини во овој регион, а се создава и можност за искористување на хидропотенцијалот од оваа брана“, истакна министерот Николовски.

Хидросистемот Лисиче е еден од четирите системи, кои заедно со системите Пепелиште, Страиште, и Коњско, се дел од Програмата за наводнување на државата, за инвестиции во изградба на цевководи, што ќе обезбедат наводнување за нови 13.500 хектари обработливо земјоделско земјиште. Ова е историски договор вреден 120 милиони евра, најголем договор и по површина и по вредност.

„Започнати се веќе активностите за проектирање и изградба на системот за наводнување од браната Лисиче. Потпишан е договорот со фирмата консултат, а веќе е изработена физибилити студијата, како и процентката на еколошкото и социјално влијание, докажувајќи ја изводливоста и одржливоста на инвестицијата.  Новиот систем за наводнување од хидросистем Лисиче опфаќа 3.500 хектари земјоделски површини. Значајна капитална инвестиција, која е уште еден доказ за нашата посветеност како министерство да обезбедиме одржлив развој на домашно земјоделство“, истакна министерот Николовски.

Имплементацијата на проектот е од страна на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, поддржан од кредитната банка KFW од Сојузна Република Германија. Преку заем од 80 милиони евра и грант од 2.8 милиони евра за поддршка на земјоделците и земјоделските задруги во овие области, односно 70 % од вкупната вредност, додека преостанатите 30 % се буџетски средства.

Реализиацијата на проектите предвидени во Програмата за наводнување овозможува изградба на модерни и ефикасни системи за наводнување, директно помагајќи им на земјоделците.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:браната ЛисичеВелесземјоделски површниНиколовскисистемотЧашка
Претходен напис Протест на пчеларите во Атина
Следен напис Николовски: Го зајакнуваме договорното производство на сончоглед, интервентна мерка од 5 денари по килограм предаден сончоглед во регистрирани капацитети за откуп директно, или преку еден откупувач
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?