Во Помпеја, кое е едно од најзачуваните антички наоѓалишта во светот, откриени се остатоци од ресторан за брза храна. Во градот кој е во целост покриен со пепел од ерупцијата на вулканот Везув во 79 година пред новата ера, до сега се пронајдени околу 80 ресторани за брза храна кои ги снабдувале граѓаните на Помпеја со најразлични деликатеси. Овој термополиум, како што ги нарекувале Римјаните овие ресторанчиња, нејдобро е зачуван од сите и всушност претставува едеинствен сличен ресторан од антички времиња кој после 2.000 години скоро е неоштетен. Пронајден е на локација на која пред два милениуми имало мал плоштад со фонтана, значи на место кое привлекувало голем број на минувачи.
Сегментите на штандот за послужување делумно се откопани минатата година, а сега работата е приведена кон крај и на јавноста и е претставен термополиуомот во полн сјај со извонредно зачувани илустрации на патки, петли, нимфи кои јаваат коњи и сл.Позади штандот пронајдени се садови со остатоци од храна, а разновидноста на пронајдените супстанци укажува на тоа дека граѓаните на Помпеја, и тоа оние најобичните, имале на располагање многу богато улично мени. Тука се остатоци од јариња, свинско, риба, полжави, патки, како и мелени зрна грав кој во античко време понекогаш се додавал во виното за да го ублажи неговиот вкус.
Масимо Осана, првио човек на најголемата археолошка атракција на светот, изјавил дека е воодушевен од тоа што сега се знае , што јаделе луѓето во Помпеја, на денот на големата катастрофа.
– „Оваа храна била популарна меѓу обичниот свет“, изјавил Осана.

Еден од куриозитетите на наоѓалиштето е и сликата со куче на ланец, а стручњаците во Помпеја претпоставуваат дека во прашање е предупредување, исто како оние кои денес можат да се видат ширум светот, сопствениците на кучиња да ги држат своите миленици на ланец додека ја чекаат храната.
Голем дел на Помпеја сеуште е под пластови пепел, вакви ресторани кои нудат запрепастувачки прецизен поглед на историјата на античката гастрономија, веројатно ги има уште.
Извор: vinoifino.rs
