Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Промоција на проектот „Означување на планинарски патеки на Скопска Црна Гора“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Промоција на проектот „Означување на планинарски патеки на Скопска Црна Гора“
Агровести

Промоција на проектот „Означување на планинарски патеки на Скопска Црна Гора“

Објавено 30/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Федерацијата за планинарство на Македонија, во соработка со Амбасадата на Словенија во земјава, која обезбеди финансиски средства преку донации од словенечки фирми, во село Бродец денеска го започнува спроведувањето на проектот „Означување на планинарски патеки на Скопска Црна Гора”.

Со обележувањето на патеките се промовира соживотот со природата, важноста на заштитата на животната средина и важноста на квалитетното поминување време во природа во што Словенија има долга традиција и тоа се празнува токму со 30-годишнината од самостојноста на Република Словенија.

Во рамките на проектот опфатени се повеќе патеки на Скопска Црна Гора, кои се обновени со маркации и планинарска сигнализација, поставени се инфотабли со графички приказ на истите. Исто така во рамките на проектот обезбедена е фото ќелија за снабдување со електрична енергија на објектот планинарска куќа-бивак Спирова Колиба, како и уредување на околината на објектот со што се создадоа услови за поквалитетен престој на планинарите и љубителите на природата. Сето ова е спроведено со помош и учество и од членовите на планинарскиот клуб Скопска Црна Гора.

На настанот ќе присуствува амбасадорот на Република Словенија Милан Предан, градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски и претставник од Федерацијата за планинарство на Македонија.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:скопска црна гора
Претходен напис ВИДЕО: Во Франција улиците ги чистат со трактори откако паднале 60 сантиметри град
Следен напис Од утре разговори и интернет без роаминг во регионот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?