Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од утре разговори и интернет без роаминг во регионот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од утре разговори и интернет без роаминг во регионот
Агровести

Од утре разговори и интернет без роаминг во регионот

Објавено 30/06/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од утре се укинува роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа ќе се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан.

Првата фаза од спроведувањето на договорот почна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена и за над 80 проценти, а од утре стартува втората фаза и целосно укинување на роамингот.

Од Агенцијата за електронски комунукации (АЕК) за МИА изјавија дека се завршени сите чекори за разговори, пораки и пренос на податоци без тарифирање во роаминг.

Агенцијата за електронски комуникации донесе Одлука за утврдување на максималните цени на роаминг-услугите во јавни мобилни комуникациски мрежи на 25 јуни 2019 година. Со неа се предвидува значително намалување на малопродажните и големопродажните цени на роаминг услугите за корисниците на електронските комуникациски услугите во роаминг кои патуваат во петте земји на Западен Балкан – Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Во меѓувреме, од 1 јули 2019 година заклучно со денеска, беше воведен преоден период во кој операторите за роаминг-услугите можеа да наплаќаат само одреден дополнителен надомест на националните електронски комуникациски малопродажни цени.

Почнувајќи од утре се предвидува напуштање на дополнителното тарифирање за роаминг услугите, односно се воведуваат цени за роаминг услуги исти како цените на електронските комуникациски услуги на домашниот пазар (Roaming Like At Home). Тоа значи дека корисниците на роаминг-услугите во земјава од утре нема да доплаќаат повисоки цени од домашните тарифни модели за користење на роаминг-услугите кога ќе патуваат во останатите пет земји потписнички на Спогодба, без разлика дали станува случај за користење на интернет, говор или СМС. Влезниот повик во роаминг ќе се третира исто како и влезниот повик во домашниот пазар односно без дополнителен надомест за корисникот.

Донесените мерки придонесоа за намалување на цените за роаминг услугите во просек од 83 процент до 99 проценти уште во првата година од примената споредено со претходните цени на малопродажните роаминг услуги во земјите на Западен Балкан. Користењето на роаминг услуги под вакви поволности е регулирано со политики за фер користење и одржливост, пропишани од Агенцијата за електронски комуникации. Целта е да се отстранат можностите за залоупотреба, како и да се задржи одржливоста во финансиското работење на операторите.

Со Правилникот донесен од АЕК се уредени детални правила со кои треба да се обезбеди доследно спроведување на политиките за фер користење кои операторите може да ги применуваат врз потрошувачката на регулираните малопродажни роаминг услуги. Исто така, се уредуваат и детални правила за барањето на операторите кои обезбедуваат роаминг услугите да добијат одобрување за примена на дополнителен надомест за роамингот, со цел да се обезбеди одржливост на нивниот домашен модел на наплата. Се уредува и методологијата што Агенцијата треба да ја применува при процена дали операторот кој обезбедува роаминг услуги не е во можност да си ги поврати трошоците од обезбедувањето на регулираните роаминг услуги, како последица на што ќе се наруши одржливоста на неговиот домашен модел на наплата.

Според Одлуката на АЕК, од утре операторите на јавни мобилни комуникациски мрежи во државава за роаминг услуги не можат да применуваат дополнителни надоместоци на домашните малопродажни цени за обезбедување регулирани малопродажни услуги во роаминг. Oператорите може да применуваат политики за фер користење во однос на трошењето на регулираните малопродажни услуги во роаминг со еднакви цени на домашните малопродажни цени со цел да се заштитат од злоупотреби и невообичаена употреба на регулираните малопродажни услуги во роаминг, во согласност со Правилникот за фер користење и одржливост.

Регионалниот договор за роаминг беше потпишан во април 2019 година во Белград во рамки на Вториот дигитален самит на земјите од Западен Балкан. Следен чекор се активности за укинување на цените во роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската унија. Од АЕК истакнуваат дека за такво нешто е потребна волја од Европската унија за потпишување спогодба со нас и оти држава е подготвена.

Државава има потпишано одделни меморандуми за намалување на цените на роаминг услугите и со Грција и со Бугарија, но тие не се стапени во сила.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:роаминг
Претходен напис Промоција на проектот „Означување на планинарски патеки на Скопска Црна Гора“
Следен напис Падот на туризмот поради пандемијата може светската економија да ја чини 4.000 милијарди долари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?