До крајот на март се врши главниот пролетен преглед на пчелните семејства. Неопходно е да се направи при температура на воздухот над 14°С. При прегледот се одредува состојбата на пчелното семејство, количеството на легло и храната, квалитетот на матицата и општата состојба на семејството.
Снесените јајца се доказ за постоењето на матица во пчелното семејство и отворено легло. Неопходно е да се додаде од резервите со мед или густ шеќерен сируп, ако при прегледот се открие дека семејство има помалку од 5-6 кг мед.
Пчелното семејство се стеснува на толку рамки, со кои би се покриле со пчелите. Пчелното семејство се подредува така што ќе се обезбеди негов подобар развој. Од страната која е изложена на сончева светлина се поставуваат 1-2 рамки мед и полен, до нив рамките со легло, потоа 1-2 погачи со мед и полен и преградна штичка, зад која може да се постави материјал за затоплување. Неопходно е да се регулира влезот на пчелното семејство според неговата сила и да се изврши третирање против вароа.
Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството
