Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Производството на пиво загрозено поради недостиг на CO2
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Производството на пиво загрозено поради недостиг на CO2
Агровести

Производството на пиво загрозено поради недостиг на CO2

Објавено 23/09/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Војната во Украина предизвика различни нарушувања на пазарот, а едно од нив се однесува на недостигот на јаглерод диоксид, што може да се одрази на производството на пиво и минерална вода.

Поради недостиг на CO2 дури и познатиот производител „Санпелегрино“ во северна Италија неодамна го сопре производството на минерална вода и сода на два дена.

Трошоците за производство на јаглерод диоксид пораснаа

Во Германија пиварите предупредија дека пивото може да поскапи поради недостиг на амонијак за прозводство на јаглерод диоксид. А јаглеродната киселина, исто така, ја нема ни во Австрија, потврди струковното здружение на прехранбената индустрија при Стопанската комора.

„Поради скромните количини трошоците на јаглерод диоксид во последно време многу пораснаа“, велат од австриската Стопанска комора. Главните причини се „пред сѐ високите цени на енергентите, со кои некои производители на јаглерод диоксид веќе не можат да се носат, па го намалија или го сопреа производството“. Ограничени се и производите во кои како нуспроизвод се создава јаглеродна киселина.

Сега постои недостиг на достапни количини јаглероден диоксид на пазарот, кој се корисити, на пример, за производство на пијалаци во Австрија. Ситуацијата со снабдување со јаглероден диоксид во оваа земја е напната, но во моментов го има доволно.

Досега од австриската пивска индустрија нема дојави за недостиг на јаглеродна киселина – дури ни од големите производители, рече деновиве Флоријан Бергер, директор на Австриското здружение на пиварници за „Волксблат“.

Во Германија некои пиварници го запреа производството

Сепак, во Германија има компликации.

Некои компании,како „Aktienbrauerei Kaufbeuren“, веќе престанаа да произведуваат лимонада. Традиционалната пиварница „Riegele“ од Аугсберг, меѓу останатото позната и по „Специ“, исто така се соочува со недостиг и предупредува дека можно е да го сопре производството.

Портпаролот на Здружението за индустриски гасови, потврди за германските медиуми дека недостигот на CO2 е проблем во целата прехранбена индустрија затоа што сите производи мора да се транспортираат изладени – на пример свежата храна – која вообичаено се лади со сув мраз. Но, на производителите за тоа им треба течен CO2 и затоа се подеднакво погодени како и пиварниците.

Јаглеродниот диоксид се користи и во прехранбената индустрија и во медицината

Не е само прехранбената индустрија засегната со недостиг на овој гас: лековите и вакцините се ладат со сув мраз, а во месната индустрија CO2 се користи за заспивање на животните пред колење.

Во земјоделството, индустрискиот гас се користи во стаклениците за поттикнување на растот на билките. Ако продолжи недостигот, тоа може да има далекусежни последици за многу компании.

Причина за недостиг на јаглеродниот диоксид се зголемените цени на гасот. Многу добавувачи на јаглероден диоксид мораа да го намалат производството како резултат на зголемените трошоци.

Според Гунтер Чуту, снабдувачот на неговата пиварница „Aktienbrauerei Kaufbeuren“ морал да ја затвори својата европска фабрика. Место вообичаените 28 тони јаглеродна киселина, колку што собира во магацините во пиварницата, на крајот на август испорачни му се само 7,5 тони. Тоа не е доволно за сите нивни производи. Освен тоа, не се знае кога ќе стигне следната испорака.

„Целиот пазар на јаглероден диоксид е празен“, се пожали германскиот пивар пред новинарите.

„На некои места производството е намалено“, вели портпаролот на Германското здружение за набавка на минерална вода Тобиас Биленштајн. Многу производители во моментот добиваат помалку CO2 од тоа што нарачале.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:CO2јаглерод диоксидпиво
Претходен напис Како се одгледуваат печурките шитаке
Следен напис Во централна Кина црвен аларм поради недостиг на вода
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?