Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Производите на Словенечки „Млинострој“ достапни на македонскиот пазар, одлична можност за земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > Производите на Словенечки „Млинострој“ достапни на македонскиот пазар, одлична можност за земјоделците
Агросектор

Производите на Словенечки „Млинострој“ достапни на македонскиот пазар, одлична можност за земјоделците

Објавено 27/11/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Млинострој“ од Словенија е компанија која е основана пред повеќе од 70 години. Почетоците на компанијата биле најнапред како работилница за да прерасне во компанија со над 70 вработени и производи кои се наоѓаат на европскиот пазар со фабрики во Романија и Србија.

Во посета на нашите земјоделски производители и компании беше еден од сопствениците на „Млинострој“, Јоже Зупанц за изворно да им ги каже предностите на производите и современата технологија која ќе им помогне на земјоделците во модернизација на производството и зголемен профит.

-Македонија има одличен потенцијал, имате добра земја за обработка и можности да произведувате квалитетни земјоделски производи. Земјоделците ги направиле првите чекори, имаат добра основа , а тоа се гледа по земјоделската механизација со која располагаат. Сега е време да се направи квалитетен систем за да може добро да се чуваат житните и индустриските производи – изјави Зупанц.

Тој ги претстави пред заинтересираните земјоделски производители и агробизнисмени предностите на системите за примање, сушење и складирање на житни култури.

Единиците за примање, сушење и складирање житни култури на „Млинострој“ се дизајнирани како технолошки единици со сите потребни системи.
Житариците мора да бидат соодветно подготвени пред складирањето. Овде, посебно внимание се посветува на чистење, сушење, транспортни системи, складирање и контрола. Самата подготовка на житни култури обично се одвива во следните главни фази: прием, грубо чистење, сушење, фино чистење. На барање на купувачот, технолошките процеси може да се прилагодат.


Само со правилна подготовка на житариците можеме да обезбедиме квалитетно складирање, без непотребни трошоци и да им понудиме на крајните клиенти квалитетен производ. Силосите и машините за сушење се направени од квалитетни материјали користејќи современи технолошки процеси.
Компанијата нуди голем избор на опрема за силоси и сушари за жито, и тоа: транспортни уреди, разни средства за чистење, широк избор на силоси и сушари, како и други уреди и елементи неопходни за подготовка, складирање и дистрибуција на жито.

– Начинот на кој „Млинострој“ нуди соработка на земјоделските производители од првиот разговор со клиентот за што има потреба, до крајот. Кога ќе видиме дека има потенцијал правиме заедно со клиентот што има потреба и почнуваме со изградба, опрема, доопрема, градежни работи најчесто со домашна фирма и системи кои можеме да ги изработат дома и најважно да им понудиме квалитет. Сето ова е пропратено со соодветна документација која ги задоволува сите европски стандарди – изјави Зупанц.

Интересот на земјоделците и домашните компании беше во насока на можноста оваа технологија да ја набават преку ИПАРД и на тој начин да добијат 60% грант за нивната инвестиција.

Сите потребни информации околу понудата на „Млинострој“.

  • Народен Фронт 19a, 1000 Скопје, Македонија (тц. Беверли Хилс, Капиштец)
  • T+38923112064
  • Ф+38923224032

Може да ви се допадне

БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
Во оранжериите „Трнка“ се берат првите гајби зелка, со посветеност и труд до исплатлив агробизнис
Азески: Ако државата сериозно ги анализираше предлозите на Комората, ќе имавме многу поголем раст и развој
ПроКредит Банка и ЕФСЕ со нова Агро кредитна линија со грант поддршка до 1.000 евра за земјоделските производители
Таг:ipardагротим промеркамлинострој
Претходен напис Германија е лидер во производство на млеко за пиење во ЕУ со речиси 20 отсто учество
Следен напис Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?