Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Произведена е последната чоколадна бонбона „Моцарт“- по 127 години се затвора фабриката
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Произведена е последната чоколадна бонбона „Моцарт“- по 127 години се затвора фабриката
Агровести

Произведена е последната чоколадна бонбона „Моцарт“- по 127 години се затвора фабриката

Објавено 06/12/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фабриката Mirabel-Werk во Грудиг, во близина на Салцбург, каде што ги произведуваше познатите Моцарт топчиња (Моцарткугел) повеќе од еден век, се затвора.

На 5-ти декември е произведена последната чоколадна бонбона Мирабел Моцарт, завиткана во златна фолија, спакувана во кутија и на тој начин ова чоколадно топче од 17,1 грама со јадро од фстаци-марципан-нугат од Салцбург стана историја. Засекогаш се затвора фабриката во Грудиг, каде што компанијата „Salzburg Schokolade“ го произведуваше „Real Salzburg Mozartkugle“.

Корпорацијата Mondelez, сопственик на сите права на овој симбол на австриската традиција, одлучи да го прекине производството во Австрија. Планот е производството да се пресели во Полска или Чешка, но деталите остануваат нејасни. Одлуката предизвика незадоволство, како кај вработените, така и кај локалната заедница.

Салцбург Шоколаде, компанијата која досега правеше топчиња Моцарт за Монделес, не се опорави од банкротот во 2021 година. Како причини се наведуваат поскапувањата на суровините, енергијата и транспортот.

Зградата на фабриката најверојатно уште долго ќе остане празна, додека опремата ќе се продава или демонтира. Со ова завршува една 127-годишна традиција, а Салцбург губи еден од своите најпознати гастрономски симболи, пишува австриски Куриер.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:австријамоцарт куглиплан
Претходен напис Горанчо Лазов – директор на „Кристал 1923“, пријател и партнер на земјоделците, иницијатор за враќање на сончогледот на македонските ниви
Следен напис Одгледување шампињони : Оптималната температура е најважен фактор
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?