Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Програма за поддршка за СОЦИЈАЛНА СИГУРНОСТ на ЖЕНИТЕ кои вршат земјоделска дејност за 2025 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Програма за поддршка за СОЦИЈАЛНА СИГУРНОСТ на ЖЕНИТЕ кои вршат земјоделска дејност за 2025 година
Субвенции

Програма за поддршка за СОЦИЈАЛНА СИГУРНОСТ на ЖЕНИТЕ кои вршат земјоделска дејност за 2025 година

Објавено 10/02/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

1. Со оваа програма ќе се реализира мерка за финансиска поддршка на жените кои вршат земјоделска дејност и имаат статус на осигуреник – индивидуален земјоделец, со неповратни средства. Со оваа програма ќе им биде овозможено користење на надоместок за мајчинство за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање, кој надоместок не е опфатен со прописите од областа на работните односи за платено породилно отсуство.

2. Средствата за реализација на оваа програма во вкупен износ од 3.000.000,00 денари се обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.254/24) раздел 140.04, програма 2, потпрограма 23, ставка 464 – разни трансфери кои од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ќе се користат за финансиска поддршка во износ од 100.000,00 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство на жените кои имаат статус на осигуреник-индивидуален земјоделец стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

II

1. Финансиската поддршка од делот I став (2) од оваа програма се доделува на жена за родено дете во периодот од 1.12.2024 година до 1.12.2025 година и:

– е запишанa во Единствениот регистар на земјоделски стопанства како носител или член на семејното земјоделско стопанство,

– семејното земјоделско стопанство во кое членува остварило финансиска поддршка согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година во износ од најмалку 50.000,00 денари или има остварен приход од вршење на земјоделска дејност за 2023 и 2024 година во висина од најмалку 150.000,00 денари и

– има непрекинат статус на осигуреник-индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување во времетраење од шест месеци пред раѓање на детето.

2. Финансиската подршка од ставот (1) на овој дел се реализира врз основа на поднесено барање до Агенцијата најдоцна до 10 декември 2025 година кон кое треба да се достави следната документација:

– извод од матична книга на родени за детето за кое се бара надоместок за мајчинство или отпусно писмо од здравствена установа каде што е извршено породувањето;

– уверение за состојба на даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки издадено од Управата за јавни приходи по датумот на раѓање на детето;

– решение од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за утврден статус на осигуреник-индивидуален земјоделец;

– потврда издадена од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија дека мајката не била вработена во редовен работен однос во период од шест месеци пред раѓање на детето и

– фотокопија на трансакциска сметка на мајката.

3. Документацијата од ставот (2) алинеите 1, 2, 3 и 4 на овој дел се доставува во оригинал или фотокопија заверена на нотар.

III

Исплатата на средствата од оваа програма ја врши Агенцијата врз основа на донесено решение за исплата од страна на директорот на Агенцијата, најдоцна до 25 декември 2025 година.

IV

Директорот на Агенцијата заклучно со 31 јануари 2026 година доставува до Владата на Република Северна Македонија извештај со финансиски показатели за реализација на оваа програма и причини за отстапување.

Може да ви се допадне

Едукативна и музичка програма во Гевгелија за Светскиот ден на пчелата
Седми состанок на Комитет за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027
Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Исплатени 1 060 218 денари за оризова арпа од интервентен фонд
АФПЗРР: Исплатени 3 313 888 денари за складирање на пченица
Таг:жениземјоделкапрограмасоцијална
Претходен напис Висина на  СУБВЕНЦИИ за овци од автохтона раса праменка (овчеполска) и за кози од автохтона раса балканска коза, за 2025 година
Следен напис Променливо облачно, со услови за слаб снег во западните делови од земјата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?