Земјоделците во Србија денеска трет ден по ред со трактори блокираат патишта и улици во повеќе градови во Војводина и централниот дел од државата.
Претходните два дена земјоделците ги блокираа патиштата во неколку градови во Војводина и централна Србија. Сточарите од Суботица, Зрењанин, Нови Сад, Пожаревац, Суботица, Рача и други делови од државата блокираа сообраќајни патишта, повремено пропуштајќи ги возила.
Целта на блокадите остана непроменета, а земјоделците бараат исполнување на сите осум барања кои претходно ги доставија до Владата на Србија и до Министерството за земјоделство.
-субвенции по хектар од 300 евра,
-загарантирана цена на млекото да биде 78 динари + ДДВ,
-премијата за млекото да биде 20динари,
-Дизелот за обработливи површини без акциза со ДДВ да изнесува 100 l/ha за поледелски култури и 300 l/ha за градинарски и овошни култури;
-субвенциите за една крава да се зголемат од 30.000 на 40.000 динари,
-да се воведат прелевмани за сите земји од ЕУ и ЦЕФТА договорите за сите млечни производи
-да се укине плаќањето на надомест за одводнување и да се префрли на локалните самоуправи
-референтната цена на земјоделските култури да се изедначи со берзите во Париз и Будимпешта
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во понеделникот ги одби сите барања на земјоделците.
Pratite detaljno na https://t.co/z2XEfsxBEZ https://t.co/MsK3jyLRF2
— AgroKlub.rs (@agroklubrs) May 16, 2023
