Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжува уредувањето на Козјачка река во Карбинци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Продолжува уредувањето на Козјачка река во Карбинци
Шумарство и водостопанство

Продолжува уредувањето на Козјачка река во Карбинци

Објавено 06/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почна четвртата фаза од уредување на коритото на Козјачка река во село Карбинци. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека градежните активности се продолжување на веќе започнатиот проект, со што трајно се решава овој проблем, а истовремено се заштитува коритото од евентуално излевање или други можни штети. Финансиските средства се обезбедени од буџетот на Општина Карбинци и Министерството за животна средина.

Фото/Facebook

–Денеска започнуваме со изградба односно продолжување на проектот за регулирање и уредување на речното корито на Козјачка река во село Карбинци. Имено, се работи за четврта фаза за уредување на овој проект. Реализацијата на овој проект ќе ја чини Општина Карбинци 7.400.000 денари од кои пет милиони денари ги обезбедивме од Буџетот односно од Министерството за животна средина, а остатокот е кофинасирање од страна на Општина Карбинци, вели Паунов, пренесува МИА.

Фото/Facebook

Посочи дека се работи на продолжување на проектот во должина од 140 метри. Со завршување на четвртата фаза се става крај и се заокружува целиот проект за уредување на коритото на Козјачка река во Карбинци. Освен од безбедносни причини со реализација на овој прокет се разубавува влезот во Карбинци како и главниот булевар во самото село. Овој проект предвидува уредување на коритото на Козјачка река се до нејзиниот влив во река Брегалница.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
Денеска ќе се постави камен-темелник на најголемиот Ветерен парк во Македонија: Инвестиција од над 500 милиони долари
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Таг:карбинци
Претходен напис До 300 милиони евра ќе бидат потребни за планот за непречено снабдување со струја
Следен напис Дополнителни 2 денари по килограм за предадено грозје во преработувачки капацитет – Владата едногласно ја усвои новата мерка за поддршка на лозарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?