Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжува трендот на стабилни откупни цени на градинарските култури во Струмичко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Продолжува трендот на стабилни откупни цени на градинарските култури во Струмичко
Пазари

Продолжува трендот на стабилни откупни цени на градинарските култури во Струмичко

Објавено 28/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Продолжува трендот на стабилни откупни цени на градинарските култури во Струмичко. Доматите се откупуваат од 50 до 60 денари за килограм, пиперките од 20 до 30 денари, црвената пиперка од 45 до 50, краставиците од 40-50, а лубениците по 7 денари за килограм.

Според трговците, овој тренд на стабилни и повисоки откупни цени се должи на намаленото производство, но и на зголемените барања на пазарите.

-Освен лубеницата, сите други култури држат цена, а најкарактеристичен е доматот кој само пред еден месец се откупуваше за 30 до 40 денари за килограм, а сега достигна откупна цена од скоро едно евро. На ниските откупни цени на одредени култури влијае доцното стасување на производството како што е со лубеницата, која сега ја има и во другите балкански земји, а кај нас единствено порано стаса во Валандовско и Гевгелиско каде што откупот почна со 15 денари и заврши на осум денари за килограм, објаснува трговецот Благој Витанов од компанијата „Империјал фруит“.

Додава дека во овиј период нема летна зелка и покрај барањата од странските купувачи, а пред крај е и бербата на краставиците и зелените пиперки.

Витанов информира дека по подолго време има мал извоз на градинарски култури и овошје, пред се праски, во Украина и Русија, но тие количини се мали во споредба со лани.

Инаку, градинарските култури од Струмичко се извезуваат во сите земји на Балканот, како и други земји во ЕУ.

Може да ви се допадне

Се почитуваат договорените откупни цени на пиперката куртовска капија во Струмичко
Министерот Трипуновски, откупувачите, преработувачите и земјоделците договорија повисоки откупни цени на индустриската пиперка
При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Како е регулиран ОТКУПОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Таг:откупни цени
Претходен напис Одржана првата јавна презентација за воспоставување на советодавен систем во земјоделството и руралниот развој
Следен напис Планетата Земја од денеска влегува во „еколошки долг“, два дена порано од минатата година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?