Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Трипуновски, откупувачите, преработувачите и земјоделците договорија повисоки откупни цени на индустриската пиперка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Трипуновски, откупувачите, преработувачите и земјоделците договорија повисоки откупни цени на индустриската пиперка
Агровести

Министерот Трипуновски, откупувачите, преработувачите и земјоделците договорија повисоки откупни цени на индустриската пиперка

Објавено 30/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, откупувачите, земјоделците и преработувачите денеска договорија повисоки откупни цени на индустриската пиперка од соратата „куртовска капија“од годинашната реколта.

Според министерот, за прва класа откупната цена е 45 денари, за прва и втора 35, за втора 20 и за трета 15 денари за килограм.

-Овие се почетни цени со кои ќе почне откупот на пиперката и ќе трае во текот на откупот. Овие цени за да се одржат мора да се почитува правилникот за квалитет и она што е уште поважно, бидејќи во нашата држава во два региони се произведува оваа пиперка, односно струмичкиот и прилепскиот, бербата да биде договорена со откупувачите и преработувачите за да не се соочиме со зголемена количина во текот на денот и неделата и да имаме застој во откупот како што беше минатата година,изјави минстерот Трипуновски.

Додаде дека откупот ќе се следи преку Земјоделскиот инспекторат, бидејќи овие договорени цени и динамика треба да бидат во рамки на законот.

Според Петар Атанасов, преработувач од „ДИЕМ-ГП“ од Гевгелија, со договорените цени земјоделците треба да бидат задоволни.

-Се надевам дека ќе бидат и мотивирани за следните години за да го зачуваат и зголемат производството на „куртова капија“. Очекуваме реален откуп и реален пласман на оваа пиперка. Сакам да апелирам до земјоделците да не брзат со бербите и во периодот од 1 до 20 септември да пристапат на берење на договореното производство, изјави Атанасов.

Во споредба со лани откупните цени се зголеми од 13 до 15 отсто, односно цената е зголема за околу 5 денари за килограм и плус од досегашните 3 производителите ќе добиваат по 4 денари за предаден килограм пиперка на откупните пунктови.

Инаку, годинава се очекува производство на околу 60 до 65 милиони килограми „куртовска капија“.

МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:земјоделцитеоткупни цениоткупувачитепиперкапреработувачитеТрипуновски
Претходен напис Бислимоски: Ако РКЕ ја определува крајната цена на водните услуги ќе се намалат загубите на вода и ќе се подобрат инвестициите во водоводната инфраструктура 
Следен напис Променливо облачно со локален пороен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?