Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжува падот на глобалните цени на житарките, кој беше забележан во петокот – Што друго нè очекува оваа седмица?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Продолжува падот на глобалните цени на житарките, кој беше забележан во петокот – Што друго нè очекува оваа седмица?
Пазари

Продолжува падот на глобалните цени на житарките, кој беше забележан во петокот – Што друго нè очекува оваа седмица?

Објавено 27/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Падот на глобалните цени на житарките, кој беше забележан во петокот, продолжи и на почетокот на оваа недела. Пченицата падна за повеќе од 3 отсто на фјучерс пазарот во Чикаго, пченката за 2,6 отсто, а сојата за 2,1 отсто, пишува Agrarheute. Ова е резултат на зголемената загриженост поради последиците од тешката економска криза. Од друга страна, цената на суровата нафта продолжи да паѓа за речиси 6 отсто, а еврото падна на најниско ниво во последните 22 години, што ги прави европските житарки малку поконкурентни, односно поевтини на светскиот пазар.

Кон средината на неделата, поради загриженоста за војната меѓу Украина и Русија, цените се искачија на највисоко ниво од јули. Имаше и други причини, но тој раст веќе се претвори во пад во петокот.

Меѓународниот совет за житарки IGC ја зголеми својата прогноза за глобалното производство на пченица во 2022/23 година. Тој ја процени руската жетва на 93,4 милиони тони, наспроти 87,6 милиони тони во претходната прогноза. Извозот на пченица се уште се предвидува на 36,5 милиони тони и покрај повисоките прогнози за производство, што доведе до очекувано зголемување на домашните залихи.

Во првата декада од септември Русија извезла 1,3 милиони тони, што претставува намалување од 28,3 отсто, додека испораките на јачмен паднале за 41 отсто на 133,5 илјади тони, извозот на пченка за 67 отсто на 10 илјади тони.

Додека Турција го намалува увозот за 440.000 тони, Египет го зголеми. Извозот во Пакистан, Тунис и Алжир е стабилен. IGC очекува руската пченица да има залихи на крајот на сезоната 2022/23 и да биде 22,5 милиони тони и со тоа речиси двојно повеќе од претходната сезона со 11,3 милиони тони.

Во 2022 година, жетвата во Украина би можела да биде помеѓу 54,1 и 55,7 милиони тони, наспроти рекордните 86 милиони тони минатата година. Аналитичарите во оваа сума вклучуваат околу 19 милиони тони пченица, 30 милиони тони пченка и 5,5 милиони тони јачмен.

Извозот би можел да се намали поради помалите приноси и логистичките проблеми. Според податоците на Државната царинска служба на Украина, од почетокот на сезоната 2022-2023 (1 јули до 21 септември) Украина извезла 7,2 милиони тони житарки и мешунки. Лани во исто време биле извезени 12,8 милиони тони. Од пристаништата на Црното Море испловиле 218 бродови натоварени со земјоделски производи.

Може да ви се допадне

Седница на Потсекторската постојана група за жита во МЗШВ
Русија руши рекорди: Извезува 50 милиони тони пченица, а продажбата на ѓубрива скокна за 30%
Величковски: Народната банка со унапредена монетарна рамка и активности за поефикасни финансиски пазари
Трамп: Царините од 100 проценти наметнати на кинескиот увоз не се одржливи, но Кина ме принуди на тоа
При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Таг:житопазарифјучерс
Претходен напис Исклучен дотокот на вода од новиот водовод во Тетово, водата може да се пие
Следен напис Битиќи: Граѓаните да бидат спокојни, топлинска енергија ќе има
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?