Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исклучен дотокот на вода од новиот водовод во Тетово, водата може да се пие
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Исклучен дотокот на вода од новиот водовод во Тетово, водата може да се пие
Шумарство и водостопанство

Исклучен дотокот на вода од новиот водовод во Тетово, водата може да се пие

Објавено 27/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вода за пиење во Тетово во моментот има само од стариот водоснабдителен систем и истата може да се пие, информираат од ЈКП Тетово. На нивната Фејсбук страница првично беше објавено дека водата е загадена и не е за пиење, но од раководството на работната единицата „Водовод“ објаснуваат дека веднаш потоа таа објава е тргната како несоодветна информација.

-Дотокот од новиот водоснабдителен систем поради заматување е автоматски прекинат. Водата за пиење од стариот водоснабдителен систем е во ред и тековно се користи. Дотокот од новиот водоснабдителен систем го прекинавме поради тоа што сензорите ни покажаа поголемо заматување како на почетокот на септември. Со тоа во градот има 100 литри вода во секунда помалку.  Очекуваме за скоро време проблемот да биде надминат, за матноста на водата има соодветни сензори чии параметри ја покажуваат состојбата и тоа дали може да се пушти водата во системот, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на работна единица „Водовод“ при ЈКП Тетово.

И од Центарот за јавно здравје посочија дека прекинат е дотокот од новиот водоснабдителен систем поради заматување.

Според информациите од Јавното комунално претријатие Тетово количината на вода во овој момент е 250 литри во секунда. За да има нормално водоснабдување во Тетово, потребни ми се над 300 литри вода во секунда. 

Може да ви се допадне

Загубите на вода во државата лани изнесувале 63,05 проценти
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Водовод: Водата за пиење во Скопје одговара на правилникот за безбедност и квалитет
Израелскиот рецепт за земјоделство: Не повеќе вода, туку повеќе знаење
Забрана за пиење вода од водоводите на повеќе охридски села
Таг:водаводоводдотокоттетово
Претходен напис Необична зимница за оние кои сакаат да експериментираат со вкусовите
Следен напис Продолжува падот на глобалните цени на житарките, кој беше забележан во петокот – Што друго нè очекува оваа седмица?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?