Паднаа цените на договорите за житарките на европскита и американските берзи и се приближуваат на најниското ниво во последните неколку месеци. Во исто време расте цената на семето од репка.
На парискиот MATIF цената на пченицата падна за 2,75 евра и сега треба да се издвојат 251,25 евра за тон.
Тоа се должи најмногу на достапноста на пченицата од регионот на Црното Море. Увозот во Европската Унија е зголемен за повеќе од 80 отсто. Се очекува увозот од Украина да продолжи да биде без царина, што придонесе за дополнително намалување.
Во март од оваа земја биле испорачани 7,8 милиони тони земјоделски производи. Од нив 5,7 милиони тони се житарки, што е за 12 отсто повеќе во однос на февруари. Околу 51 поминале преку коридорот за жито, додека останатите биле транспортирани преку алтернативни патишта. Ова е најголемиот месечен извоз од почетокот на војната.
Египет купил 300.000 тони кои ќе бидат испорачани од 10 до 20 мај, а следните 300.000 тони до 31 мај. Русија, која е најголемиот производител заедно со Украина, доминира на пазарот и ги дефинира цените.
Цената на пченката падна за 3,5 евра/тон и изнесува 247,75 евра/тон. Големо закрепнување на цената на семето од репка ја обележа оваа недела. Растот од 8,5 евра ја зголеми цената на 461,5 евра/тон.
Chicago CBoT забележа благ пад на цената на пченицата на 227,30 евра/тон. Во САД условите за оваа житарка се неповолни, на југ земјиштето е суво, додека на север студено.
Цената за пченката падна на 232 евра/т, а кај сојата на 502,22 евра/т. Единствено што се зголеми е цената на овесот, а за тон требаше да се издвојат 214,67 евра.
