Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжува изградбата на колектор за фекална канализација во беровското село Будинарци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Продолжува изградбата на колектор за фекална канализација во беровското село Будинарци
Магазин

Продолжува изградбата на колектор за фекална канализација во беровското село Будинарци

Објавено 27/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Продолжува изградбата на колектор за фекална канализација во беровското село Будинарци. Целта на реализација на овие активности како што информираа од Општината е да се заокружи процесот за собирање и третман на отпадните води во горното течение на река Брегалница.

-Крајната цел е секако заштита на водите на река Брегалница. Општина Берово со оваа активност уште еднаш покажува дека постојано се грижи за подобрување на животот на граѓаните, како во градот така и во населените места. Изградбата на колекторот е во должина од 1,1 километар, а одведувањето на отпадните води ќе се спроведе до локацијата на идната пречистителна станица, истакнаа од Општината.

Општината како што додадоа ќе продолжи да работи на подобрување на условите за живот во населените места преку обезбедување здрава вода за пиење и подобрување на комуналната инфраструктура во градот.

-Со овој проект, исто така ќе се подобри инфраструктурата по должината на река Брегалница, ќе се подобри заштита на водите во сливот на реката Брегалница, како на површинските, така и на подземните води,  која е стратешка определба и императив,  за сите општини кои припаѓаат на Источниот регион.

Проектот се реализира со средства во износ од 3,2 милиони денари од кои 2,5 милиони денари преку Министерството за животна средина и просторно планирање и од  Програмата за регионален развој за 2020 година, а останатите од Буџетот на Општина Берово. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:беровоканализација
Претходен напис Нова атракција во Охрид: Вино чувано на дното на Охридското Езеро на понуда на туристите
Следен напис „Ербас“ во 2023 година ќе произведе повеќе авиони отколку пред здравствената криза
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?