Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нова атракција во Охрид: Вино чувано на дното на Охридското Езеро на понуда на туристите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Нова атракција во Охрид: Вино чувано на дното на Охридското Езеро на понуда на туристите
Магазин

Нова атракција во Охрид: Вино чувано на дното на Охридското Езеро на понуда на туристите

Објавено 27/05/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вино разладено на идеална температура, сместено на дваесеттина метри длабочина на дното на Охридското Езеро. Тоа е новата атракција што ќе биде на понуда за туристите во Охрид од оваа летна сезона.

Идејата не е нова, такви искуства веќе се достапни за туристите на неколку локации во областа на Средоземјето, но ова е првпат такво искуство да се проба на Охридското Езеро.

Нуркачи од Клубот за подводни дејности од Охрид ја поставија специјалната метална корпа за сместување на виното во водите на Езерото недалеку од брегот кај селото Трпејца. Внатре ќе бидат поставени 250 шишиња вино на „Далвина“, што ќе се послужуваат по желба на гостите во ресторан во Трпејца.

Зоран Тунтев, ескперт по туризам и иницијатор на повеќе проекти за промоција на туристичката понуда, вели дека замислата е да се заинтригира вниманието на гостите со некоја посебна понуда, притоа посочувајќи дека таквото вино послужено во топлите летни денови поседува особен шмек. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:виноохрид
Претходен напис „Тиквеш“ ќе привлекува туристи преку автентични поизолирани сместувачки капацитети, добра храна и вино
Следен напис Продолжува изградбата на колектор за фекална канализација во беровското село Будинарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?