Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Марк Јорна за Поглавје 11 – Земјоделство и Рурален развој: Продолжете со добрата работа!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Марк Јорна за Поглавје 11 – Земјоделство и Рурален развој: Продолжете со добрата работа!
Агровести

Марк Јорна за Поглавје 11 – Земјоделство и Рурален развој: Продолжете со добрата работа!

Последна измена: 23/10/2023 14:17
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Од 16 до 18 октомври во Брисел тема на скрининг средбите беше Поглавје 11 – Земјоделство и рурален развој.

Сесиите беа поделени по различни сектори, а излагањата на тимот од МЗШВ, Платежна Агенција и Државниот инспекторат за земјоделство, како и претставникот на ДКСК според агендата поделени во трите дена.

Преглед на земјоделската стратегија, финансирање и мерки за поддршка, планови за усогласување на нашето, со правото на #ЕУ, национална поддршка за рурален развој, беа дел од првиот ден на скринингот. Во таа насока МЗШВ информираше за активностите:

-Го донесовме правилникот за вкрстена сообразност и кај новиот модел за субвенционирање преку повеќе нивоа на проверки ја зголемивме и контролата на исплата, намалувајќи ја можноста за злоупотреби на субвенциите.

-Креиравме програма со која го поддржуваме откупот на свежо домашно овошје, обезбедувајќи здрава ужинка за секое дете.

– Активно работиме во зголемување на капацитетот на Платежната Агенција.

– Преку интегриран систем на администрација и конторла ИАКС се врши спроведувањето на мерките за директни плаќања. Овој систем обезбедува усогласено функционорање и размена на податоци меѓу #МЗШВ, #АФПЗРР и #АХВ.

Земја лидер сме во искористеност на #ИПАРД со досега искористени 98% од средствата, нула евра вратени европски пари и први во регионот запожнавме со реализација на #ИПАРД 3 програмата.

Ова е само дел од напредокот, кој на првиот ден од скринингот за Поглавје – 11 го презентираше делегацијата од Република Северна Македонија, пред експертите на Европската Комисија во Брисел.

Вториот ден продолжи со приложување на резултатите од сработеното во земјоделството пред #ЕК во Брисел. 🇪🇺

Македонското вино е нашата најголема национална гордост.

-13 земја во светот сме по девизен прилив од извоз на вино.

-Испишавме историја со над 200 мали семејни винарии.

-За уште поголеми резултати подготвивме и нов Закон за вино, целосно усогласен со европските регулативи, и 10 годишна стратегија за виното по сектори.

-Од 2017 до денес за поддршка на винариите за учество на меѓународни саеми, сме издвоиле повеќе од 1 милион евра.

-Покрај редовните субвенции, земјоделците ги помагаме со програмата “здрав оброк за секое”, за која издвоивме 40 милиони денари со кои ќе се откупат 880.000 килограми свежо сезонско овошје

Можно е да е слика од 5 луѓе, соба за вести и текст

Активно работиме на промоција на нашето, традиционално, македонско. Локалните манифестации се од исклучително значење за државата во промоција на убавите домашни прoизводи. Оваа година за нивна подрршка обезбедивме буџет од 10 милиони денари, за што повеќе локални настани низ државата.

Успешно го организиравме и вториот Национален саем за храна и пијалоци “Вкуси ја традицијата”, со над 400 производители и над 2000 производи.

Нашето македонско вино, сирење, млеко, органски производи, традиционални специјалитети ги промовираме и на бројните светски саеми. Целта ни е да го покажеме нашето богатство и потенцијал за развој што го имаме под ова македонско сонце.

Нашата делегација со детални презентации за земјоделските пазари, политиките на квалитет, органското земјоделство и промоцијата на земјоделските производи.

Усогласувањето на законодавството и имплементацијата на стандардите на ЕУ за ова поглавје, значи модерно и конкурентно земјоделство и квалитетни производи кои ќе можат да се пласираат на европскиот пазар.

Со имплементација на стандардите на ЕУ ќе имаме конкурентно земјоделство на европскиот пазар. Денес во Брисел завршува тридневниот билатерален скрининг за Поглавје 11: Земјоделство и рурален развој, дел од Кластер 5 – Ресурси, земјоделство и кохезија.

Во текот на овие три дена македонската делегација пред експертите на Европската Kомисија реализираше над 40 презентации во врска со постојната законска рамка во областа на земјоделството и руралниот развој, интервенциите на земјоделскиот пазар, системите за контрола на квалитетот на земјоделските производи, трговските механизми, спроведување на анти-кризните мерки како и многу други аспекти кои го регулираат пласманот на земјоделските производи во нашата земја.

Марк Јорна, скрининг-координаторот за Северна Македонија и експерт за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија, на последниот ден од сесијата се заблагодари на ангажманот и професионалноста на тимот и покрај сугестиите за побрзо прилагодување на секторот со Заедничката земјоделска политика на ЕУ, кратко порача – Продолжете со добрата работа!

Може да ви се допадне

Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари
Таг:виноипардкластер 5марк јорнамеркипоглавје 11поглавје земјоделствоскрининг
Претходен напис (ФОТО) Кривопаланечко село Крстовдол: Осамено со жители, богато со природна убавина
Следен напис Сончево и топло, температура до 28 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?