Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжената сезона им донесе солидна заработувачка на печуркарите од Пијанечкиот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Продолжената сезона им донесе солидна заработувачка на печуркарите од Пијанечкиот регион
Агровести

Продолжената сезона им донесе солидна заработувачка на печуркарите од Пијанечкиот регион

Објавено 11/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Продолжената сезона им донесе солидна заработувачка на собирачите и откупувачите на печурки од Пијанечкиот регион. Само изминатиот месец како што истакна откупувачот Трајчо Гоцевски од Делчево се откупени од 60 до 70 тони свежа печурка, што според него е одлична бројка, споредбено со минатите години.

-Мислам дека ние во Делчево од 60 до 70 тони на свежа печурка имаме откупено во нашиот регион и од еден до два тона преработено, зборувам за сите ние кои сме откупувачи во овој регион. Годинава беше родолжена беше сезоната околу 20 дена, имаше доволно печурки во нашиот крај, значи доста добра година, најдобра година во изминатиот период од 10 до 15 година, вели Гоцевски. Сезоната е веќе завршена, но се уште како што додава делчевскиот откупувач може да се најдат печурки, кои можат да донесат солидна заработувачка за печуркарите.

-Во моментот сме при крај со сезоната, сега моментално има една печурка која е доста распространета во нашиот регион, тоа е рујница, односно на нашки кажано бриковка или смриковка и една печурка која е малку позната во нашиот крај, се вика црна труба. Тие се едни од поквалитетните печурки и затоа препорачувам луѓето да ги собираат, за да имаат добра заработувачка, дополни Гоцевски, додавајки дека рујницата и црната труба во моментот се откупуваат по цена од 80 денари за килограм свежа печурка.

Во Пијанечкиот регион во изминатите три до четири години поголем дел од населението активно се вклучи во собирањето на печурките, како можност за подобрување на семејниот буџет. Во месец октомври рекордот за најмногу собрани печурки во еден ден е регистриран во делчевското село Разловци.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:печуркипијанечки регион
Претходен напис Нè очекува релативно поблага зима, со повеќе изгледи за снег во втората половина
Следен напис Мехмед Оџов од пехчевското село Црник има необично хоби – Одгледува јастреби од две различни сорти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?