Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нè очекува релативно поблага зима, со повеќе изгледи за снег во втората половина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Нè очекува релативно поблага зима, со повеќе изгледи за снег во втората половина
Агропрогноза

Нè очекува релативно поблага зима, со повеќе изгледи за снег во втората половина

Објавено 11/10/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во услови на енергетска криза во која државите се соочени со предизвикот да обезбедат доволни количини на енергенси и електрична енергија, се наметнува прашањето каква зима не очекува.

Метеоролозите, според сезонските изгледи, предвидуваат генерално поблага зима од просечната. Во првата половина од зимата очекувањата се дека ќе има малку поладно, стабилно и релативно суво време со услови за магла по котлините и зголемено аерозагадување посебно во котлините и во урбаните средини, но не се исклучува можноста и за повремени продори на ладен воздух и ладни фронтови. Во втората половина на зимата постои поголема веројатност за врнежи, кога се очекува и повеќе снег во југоисточна Европа на повисоките планини (југоисточна Србија, северните делови од Албанија, северозападните делови од Македонија). Ова е генералниот заклучок од деталната анализа за сезонските изгледи на времето во претстојната зима што ја изработи д-р Владо Спиридонов, професор по метеорологија на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје во соработка со м-р Рада Аврамовска и м-р Александра Стевков од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во разговор за МИА, професорот Спиридонов посочува дека во првата половина од зимата има зголемена веројатност за појава на релативно стабилно, студено, мирно и суво време. По котлините, долините и Скопското градско подрачје можно е да се формира магла и зголемено аерозагадување, но не се исклучува и можноста за повремени продори на ладен воздух и фронтална активност со подинамички атмосферски услови, врнежи и ветрови. – Во прилог на ова оди феноменот „Ла Ниња”, ладна фаза на климатскиот циклус ENSO и потпросечни температури на површината на морето (SST), во централниот и источниот тропски Тихи Океан. Овој мод на климатската варијабилност има влијание врз долгорочната временска прогноза во одделни региони на светот и Европа. Дополнително, неутралната, кон негативна фаза на североатлантскиот индекс NAO во однос на отстапување на полето на притисокот, статусот на поларниот вртлог и млазните струи, исто така даваат изгледи за умерена до постудена прва половина од зимскиот циклус, со постагнатни временски услови и постепена трансформација во поблага зима со поголема веројатност за снег во втората половина. Аналогната прогноза, како новина во сезонските прогнози во Велика Британија, оди во прилог кон овие сезонски изгледи. Имено, четири од петте најзначајни членови на аналогниот индекс упатуваат на поблаги зими од просечните, вели Спиридонов.

Според климатските податоци од УХМР повторно се фаворизираат просечни до поблаги услови. Оваа година досега немало постуден месец од просечниот. – Земајќи го горе наведеното, шансата за релативно блага сезона е поголема од просечната. Сигналот за врнежите е многу послаб, иако во втората половина на зимскиот циклус постои поголема веројатност за врнежи, кога се очекува и повеќе снег во југоисточна Европа на повисоките планини, оценува Спиридонов. Во однос на температурите, очекувањата се дека тие ќе бидат за малку над просекот. Во анализата се посочува дека повеќето атмосферско-климатски (сезонски) модели за претстојната зима (декември-јануари-февруари) даваат изгледи за повисоки температури во однос на просекот, а и сезонските проценки на Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето ЕCMWF, упатуваат на натпросечни вредности во северните и без отстапување во јужните делови. Предвидувањата се дека до средината на зимата, поголем дел од Европа ќе има помала висина на снежната покривка, а веќе во втората половина на зимата во одредени области од централна и западна Европа ќе има повеќе врнежи од снег. – Анализирајќи по месеци, декемвриската прогноза за врнежи од снег покажува силни негативни аномалии. Ова најверојатно се должи на полето на висок воздушен притисок над Европскиот континент, стагнатно, суво и релативно студено време кое не дозволува многу сценарија за врнежи од снег и формирање подебела снежна покривка. Се предвидува дека поголемиот дел од Европа ќе има помала длабочина на снег до средината на зимата. Со попуштањето на Ла Ниња и NAO во втората половина на зимата постепено се менува состојбата така што во одредени области на централна и западна Европа во јануари, а уште повеќе во февруари, покажуваат повеќе снежни врнежи во делови од централна Европа, но не се исклучува и појавата на мразеви. Но, повеќето од другите делови се прогнозираат со помалку врнежи од снег последниот зимски месец, се посочува во анализата.
Освртот за сезонските изгледи на времето во претстојната зима е направен врз основа на моменталната состојба на климата, вклучувајќи ја распределбата на воздушните маси, основната атмосферска и океанска циркулација, температурата на површината на океаните и морињата….



Може да ви се допадне

До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Таг:временска прогнозазимаснег
Претходен напис Облачно и свежо со повремен локален дожд и југоисточен ветер
Следен напис Продолжената сезона им донесе солидна заработувачка на печуркарите од Пијанечкиот регион
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?