Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжен рокот за аплицирање за Мерка 3 од ИПАРД 2: Набавка на нова технологија, машини, ладилници и друга опрема 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Продолжен рокот за аплицирање за Мерка 3 од ИПАРД 2: Набавка на нова технологија, машини, ладилници и друга опрема 
Фондови

Продолжен рокот за аплицирање за Мерка 3 од ИПАРД 2: Набавка на нова технологија, машини, ладилници и друга опрема 

Објавено 15/09/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој информираат дека рокот за аплицирање за Мерка 3 од ИПАРД 2 е продолжен:

По барање на заинтересираните потенцијални апликанти се продолжува рокот за 15 дена на јавниот повик 1/2023 за доставување на барања за користење на средствата од #ИПАРД 2 програмата за мерката 3.

Крајниот рок е 3 октомври 2023 година.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 8.8 милиони  евра, а крајниот рок за поднесување на барањата е 3 октомври 2023 година.

Финансиските средствата по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка, (грант) во износ до 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Напомена: Заради временската рамка за реализација на активностите од ИПАРД Програмата 2014-2020, крајниот рок за реализација на инвестиции со овој Јавен повик e 31.05.2024 година, додека, рокот за поднесување на барањата за исплата е 30.06.2024 година.

Според законот за основање на Aгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – исплатата на финансиската поддршка се врши по донесено решение за исплата од страна на Агенцијата, во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на барањето за исплата.


Мерка 3 – инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи

Групите на инвестиции по приоритетни сектори се однесуваат на следниве типови на инвестиции:

  • Млеко и млечни производи;
  • Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина);
  • Овошје и зеленчук (вклучувајќи ги компирите, печурките и легуминозните култури);
  • Житарици, мелнички продукти и скроб;
  • Растителни производи и масла и маснотии од животни;
  • Шира, вино и оцет:
  • Производство на енергија преку погони за преработка и производи од животни од примарната и секундарната биомаса, со исклучок на биомаса од рибни производи.

Во овој јавен повик не се прифатливи инвестиции во градежни објекти, односно изградба, доградба, надградба или адаптација на објекти.

ИНВЕСТИЦИИ ПОВРЗАНИ СО ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

Единствено прифатливи се инвестиции за набавка и поставување/инсталирање на опрема за производство на енергија за сопствени потреби. 

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

На овој повик може да аплицираат микро, мали и средни претпријатија регистрирани во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Микро 

  • помалку од 10 вработени 
  • годишен приход (обрт) до 2 милиони евра 
  • биланс на состојба до 2 милиони евра 

Мали

  • помалку од 50 вработени
  • годишен приход (обрт) до 10 милиони евра
  • биланс на состојба до 10 милиони евра

Средни

  • помалку од 250 вработени
  • годишен приход (обрт) до 50 милиони евра
  • биланс на состојба до 43 милиони евра

За повеќе информации и изготвување на апликации можете да ни пишете на [email protected] или да не контактирате на телефонските броеви: 070 267-789, 071 285-385, 071 225-345.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:мзшвсубвенции
Претходен напис Цените од 1 август ќе бидат референтни за најавеното поевтинување на прехранбените производи
Следен напис Компанијата „Uni Parts“ нуди мини багери марка EVERUN – прифатлива инвестиција преку ИПАРД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?