Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Проданоски на терен: Во Прилеп започна откупот на тутун, просечната цена повисока од лани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Проданоски на терен: Во Прилеп започна откупот на тутун, просечната цена повисока од лани
Агровести

Проданоски на терен: Во Прилеп започна откупот на тутун, просечната цена повисока од лани

Објавено 06/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, го посетија откупниот пункт на Тутунскиот комбинат – Прилеп, каде директно се запознаа со текот на откупната кампања во регионот.

Проданоски истакна дека тутунопроизводството е длабоко вкоренето во прилепската традиција, но и клучен носител на локалната економија. Прилеп е водечки регион во државата по производство на тутун, а повеќе од половина од вкупниот број тутунопроизводители потекнуваат токму од овој крај. Оваа земјоделска култура обезбедува егзистенција за илјадници семејства и значително придонесува за економскиот развој на општината.

„Како градоначалник стојам цврсто на заложбата за поддршка на нашите производители,“ изјави Проданоски, нагласувајќи дека заедно со министерот Трипуновски и директорот на Тутунскиот комбинат – Прилеп, Александар Алексоски, ќе продолжат будно да ја следат состојбата со откупот и ќе се залагаат за фер вреднување на трудот.

Тој додаде дека локалната самоуправа има јасна цел – јакнење на економската стабилност на Прилеп и обезбедување сигурна иднина за производителите, кои се меѓу носечките столбови на локалниот економски развој.

- Реклама -
Ad image

Според податоците на Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени над еден милион килограми тутун, а просечната цена по килограм изнесува 419 денари, што претставува зголемување од речиси 20 денари во однос на минатата година. Проданоски го оцени овој пораст како позитивен сигнал, но нагласи дека остануваат посветени на тоа вредниот труд на тутунарите да биде достоинствено награден.

„Ќе продолжиме активно да ги застапуваме интересите на тутунопроизводителите пред сите надлежни институции и да работиме на создавање подобри услови за нивниот труд,“ порача градоначалникот Проданоски.

Извор: Журнал

Може да ви се допадне

Скопје ќе биде домаќин на првиот форум за енергетска дипломатија – обновливи извори, зелени инвестиции и жените во енергетиката
Есенската сеидба е при крај во Прилепско, се намалуваат површините со пченица поради ниската откупна цена
АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
Од утре задолжително поседување зимска опрема за возилата
Без вода дел од Центар поради уличен дефект
Таг:ПрилепПродановскитутун
Претходен напис (ВИДЕО) Грчките земјоделци се судрија со полицијата, протести поради стопирање на ислатата од ЕУ по големата измама со субвенциите
Следен напис ГП Евзони денеска повторно затворен поради штрајк на грчките земјоделци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?