Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Привршува рокот за аплицирање за Мерка 3 „ Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Привршува рокот за аплицирање за Мерка 3 „ Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“
Фондови

Привршува рокот за аплицирање за Мерка 3 „ Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“

Објавено 21/02/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги потсетува сите заинтересирани дека привршува продолжениот рок за поднесување на апликациите за користење на средства од ИПАРД 2 Програмата, поточно од Мерка 3 „ Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, ги потсетува сите заинтересирани дека крајниот продолжен рок за поднесување на апликациите, завршува на 26- ти февруари 2020 година. Преку Јавниот повик за мерката 3 на располагање се 13,3 милиони евра.

Мерката овозможува реализација на инвестиции во модернизација на постоечките или отворање нови погони за производство на млеко и млечни производи, месо и месни производи, вклучувајќи и јајца, живина, потоа овошје и зеленчук, вклучувајќи печурки, компири и илегуминозни култури, житарици, млечни продукти и скроб, зеленчукови производи, масла и маснотии од животни, шира, вино и оцет“, појаснува Бабовски.

Со овој повик на фирмите и на земјоделските задруги им се овозможува да инвестираат во набавка на нова опрема и да ги модернизираат постојните или да отвораат нови преработувачки капацитети, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана, односно финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка.

На овој начин и преку овие мерки, нудиме можност за развој на домашните земјоделски стопанства и агро компаниите. Преку осовременување на постоечките и отворање на нови производни капацитети, очекуваме да постигнеме зголемено производство, пласман на домашните преработки и девизен прилив од извозот на домашните производи.

Сите целосно подготвени апликации може да се достават лично во Агенцијата или пак да се испратат со препорачана пратка по пошта до крајниот рок 26- ти февруари 2020 година.

Може да ви се допадне

Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
Трипуновски: Никој не е над законот, нема заштитени лица, без разлика на нивната функција
Министерот Трипуновски оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при ЕК, Елизабет Вернер
За “чистите” ИПАРД апликации што веќе се одобрени и се реализираат, најверојатно ќе излезе во пресрет државата и ќе ги поддржи, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски
Таг:афпрзррдиректорИпардпродолженрок
Претходен напис Следува стабилно и суво време, наместа со ветер
Следен напис Пред земјоделците од Општина Могила реализирана презентација за мерката 113
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?