Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прилепскиот пазар побезбеден, цените на производите варираат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прилепскиот пазар побезбеден, цените на производите варираат
Агровести

Прилепскиот пазар побезбеден, цените на производите варираат

Објавено 11/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По реакциите на производителите и продавачите од прилепскиот градски пазар за кражби на нивните производи што ги изнесуваат на тезгите се зголемува безбедноста на пазарот.

– Ми украдоа дел од изнесените производи. Се пожаливме во јавното претпријатие „Пазари“, вели производителот на градинарски култури Зоран Трајкоски.

Игор Крстески, директор на ЈКП „Пазари“ вели дека ги добиле поплаките и известува дека не се надлежни за безбедноста по затворањето на градскиот пазар во центарот на Прилеп.

-Пазарот нема надлежност да врши обезбедување на стоката што ја нудат закупувачите на тезгите. И според пазарниот ред, и според договорот што го потпишуваат, закупувачот е должен да ја изложи тезгата на почетокот на работниот ден и при заминувањето стоката треба да си ја повлече со себе. Секое оставање на стоката е на сопствен ризик, изјави Крстески.

Александар Дичоски од Агенцијата за обезбедување на Градскиот пазар во Прилеп, која има договор со ЈКП „Пазари“ за обезбедување на просторот од преку 5000 метри квадратни, уверува дека во периодот кога Агенцијата обезбедува, од 19 часот до 7 часот изутрина секој ден, нема забелешки.

-Одговорно тврдиме дека додека обезбедуваме нема штети. Имаше случај кога пријавија штети од пазарџиите, прво до директорот на ЈКП „Пазари“. Поверивме на безбедноскните камери, забележано беше лице. Тоа се случуваше надвор од периодот во кој обезбедуваме. Со случајот се запознати претпријатието и МВР. Инаку, ние ги обезбедуваме тезгињата на зелениот пазар, во текстилниот и дуќаните во пазарот. Мал е процентот, околу 20 насто од корисниците кои го плаќаат надоместот за заштита на нивната стока на зелениот пазар. Но ние одговорно се грижиме за просторот за кој одговараме, ни изјави Дичоски.

Во пазарот има вкупно 16 камери, во последниот период се инсталирани нови за поголема безбедност за стоката на продавачите.

Што се однесува до цените на производите, кои се и барометар на стандардот на граѓаните, и продавачите и производителите, како и купувачите се исплашени од неизвесноста со која се движат цените на зелениот пазар.

– Скапо е, ама мора да се купува, да се јаде. Бараме каде има поевтино, велат купувачите што ги анкетиравме.

Производителите и продавачите на прилепскиот градски пазар велат дека е намалено земјоделското производство, бидејќи младите не сакаат да произведуваат. 

Прилепскиот градски пазар се простира на околу 5000 метри квадратни со преку 400 тезги и е еден од најголемите во Регионот. 

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:безбеденПрилепски пазарцените варираат
Претходен напис Поради Африканската свинска чума, Кина забрани директен и индиректен увоз на свињи од Хрватска и БиХ
Следен напис Кога и како африканската свинска чума се рашири низ светот?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?