Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поради Африканската свинска чума, Кина забрани директен и индиректен увоз на свињи од Хрватска и БиХ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поради Африканската свинска чума, Кина забрани директен и индиректен увоз на свињи од Хрватска и БиХ
Агровести

Поради Африканската свинска чума, Кина забрани директен и индиректен увоз на свињи од Хрватска и БиХ

Објавено 11/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кина го забрани директниот и индиректниот увоз на домашни и диви свињи од Хрватска и Босна и Херцеговина поради избувнувањето на Африканската свинска чума (АСЧ). Сите животни кои ќе влезат на територијата на Кина од тие земји ќе бидат вратени во земјата на потекло или убиени, соопшти нивната царинска управа, пренесе Agroklub.

Ова е резултат на појавата на АСЧ во регионот во последните 20 дена.

Болеста прво беше потврдено во Бијелина, БиХ, на 22 јуни, а до 6 јули таму беа еутанизирани 1.689 свињи, а болеста е потврдена во 49 домаќинства.

Се шири и во Србија, поради што, на пример, највисоко ниво на подготвеност е прогласено во Северен Банат, а според последните информации е забележано и на истокот од земјата, во Бор.

Во Хрватска поради АСЧ беа поставени контролни пунктови со полициски надзор, а кон крајот на минатата недела, по Вуковарско-Сремско, болеста беше потврдена и во Бродско-Посавинската жупанија.

Покрај штетите што ги трпат фармите чии свињи се заразени, трпат и други одгледувачи на свињи кои се загрижени како ќе се развива ситуацијата.

„Оние што сега имаат 20 кг, за еден месец ќе бидат 30+, и што ќе правиме со нив?“, прашуваат одгледувачите на свињи.

Во нашата земја заштитна зона има околу потврдените жаришта која ги вклучува населените места с. Петралица, општина Ранковце, с. Нов Истевник и с. Стар Истевник, општина Делчево, с. Трново, с. Мала Црцорија и с. Киселица, општина Крива Паланка.

Болеста лесно може да се прошири преку директен контакт со заразени домашни или диви свињи; со индиректен контакт при голтање контаминирана храна како што се остатоци од храна, пијалаци или отпадоци; со каснување од заразени крлежи и контакт со контаминирана опрема, како што се облека, земјоделска опрема и возила.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Африканска свинска чумаКинаМакедонијаСрбијаХрватска
Претходен напис Во Битола и Демир Хисар дводневна дезинсекција за уништување на комарците
Следен напис Прилепскиот пазар побезбеден, цените на производите варираат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?