Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пријавувањето за овогодинешниот саем „Винска визија на Отворен Балкан“ е отворено до 19 јуни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пријавувањето за овогодинешниот саем „Винска визија на Отворен Балкан“ е отворено до 19 јуни
АгровестиСаеми и манифестации

Пријавувањето за овогодинешниот саем „Винска визија на Отворен Балкан“ е отворено до 19 јуни

Објавено 14/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, а во рамки на иницијативата Отворен Балкан, од 16 до 19 ноември 2023 година во Белград ќе се одржи меѓународниот саем на вино „Винска визија на Отворен Балкан“.

Минатата година саемот привлече над 30.000 посетители, љубители на вино и презентираше повеќе од 350 винарии од регионот, промовирајќи ја богатата винска култура и воспоставувајќи вредни деловни контакти.

„За Саемот 2023 подготвивме програма која има за цел подобро да ги позиционира вината од регионот на светскиот пазар. Приоритет на „Винската визија на Отворен Балкан“ е да пласира што повеќе регионални винарии и затоа овогодинешниот саем ќе биде домаќин на уште поголем број професионални посетители, дистрибутери, новинари и експерти од целиот свет – велат организаторите.

Саемот ќе има изложбено-продажен карактер, а ќе биде поделен на тематски зони на кои ќе бидат претставени автентични вина и автохтони сорти од Западен Балкан и врвни вина од реномирани винарски региони ширум светот. На тематските зони за производители на винска опрема, храна и гастрономија, посетителите ќе можат да уживаат во традиционалните специјалитети и гастрономски деликатеси.

Првиот ден од Саемот ќе биде резервиран исклучиво за професионални посетители, со удобни и пространи простории за состаноци, презентации и B2B работилници. Изложувачите ќе имаат посебни услови, вклучително и субвенционирани цени на изложбениот простор. Форматот на саемот ќе им овозможи на потенцијалните потрошувачи да ги купат прикажаните производи, давајќи можност да развијат деловни контакти и да воспостават нови деловни врски.

Штандовите на саемот ќе бидат приспособени на потребите на винариите, со маси за дегустација на вино, витрини за чаши, украсни аранжмани на шишиња за вино, како и простор за дегустација на вино. Опциите за штандови вклучуваат мали (16 м²), средни (32 м²) и големи (64 м²).

Крајниот рок за пријавување на изложувачите е 19 јуни, а рокот за потврда на пријавата е 10 јули 2023 година.

За повеќе детали за начинот на пријавување погледнете ТУКА.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:open balkanwine vizion by open balkanВинска визија на Отворен Балкансаем
Претходен напис Одобрени барањата за набавка на трактори од програмата за рурален развој 2022
Следен напис АПРЗ со препорака до лозарите да ја заштитат виновата лоза од пламеница и пепелница
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?