Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АПРЗ со препорака до лозарите да ја заштитат виновата лоза од пламеница и пепелница
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АПРЗ со препорака до лозарите да ја заштитат виновата лоза од пламеница и пепелница
Агровести

АПРЗ со препорака до лозарите да ја заштитат виновата лоза од пламеница и пепелница

Објавено 14/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола, по извршен инспекциски надзор за утврдување на здравствената состојба на лозовите насади, во сите вински региони во државава, препорача, лозарите да ја заштитат виновата лоза од пламеница и пепелница.

Од АПРЗ информираат дека кај виновата лоза има појава на болестите пламеница и пепелница.

-Во различни региони, присутноста на болести во лозовите насади е со различен интензитет. Станува збор за економски штетници кои се честа појава особено во услови на зголемена влага, а во мометов климатските услови се многу погодни за ширење на болеста. Пламеницата на лозата е болест која редовно, секоја година се јавува и причинува помали или поголеми штети. Таа ги напаѓа сите зелени делови на лозата, листовите, ластарите, цутовите, гроздот и гроздинките. Лозата е најосетлива во фазата на интензивен раст и на крајот при зреењето на грозјето. Условите за развој на пламеницата се предизвикани од врнежливиот период, што  доведува до губење на квалитет и на принос во лозовите насади, појаснуваат од АПРЗ.

Вработените на АПРЗ подготвија насоки за земјоделците со препорака со кој препарати треба да се третираат лозовите насади за да се спречи ширење на болеста и да се минимизираат загубите.

-Различни сорти се во различен вегетативен период, некој почнуваат да цветаат а другу веќе прецветуваат. Поради тоа, препораката од АПРЗ опфаќа решенија за заштита за двете фази, а лозарите самите треба да одберат со кој препарат ќе ги третираат лозјата соодветно на вегетативната фаза на сортата која ја одгледуваат.

За насадите каде лозата се наоѓа во фаза на пред цветање или цветање на грозјето, што зависи од регионот на одгледување и сортата на грозјето се препорачува лозарите да ја извршат заштитата со следните заштитни средства против пламеница, како и заштитни средства против пепелница. Лозовите насади кај кои болестите се присутни во поголема мерка, заштитата да ја повторат за 10 дена од претходното третирање, соопштија од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола, чии советници како што нагласуваат се на располагање да понудат стручни совети за заштита на производната сезона. 

Препорака до лозарите да ја заштитат виновата лоза од пламеница и пепелница

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:апрзвиновата лозазаштитатлозаритепепелницапламеница
Претходен напис Пријавувањето за овогодинешниот саем „Винска визија на Отворен Балкан“ е отворено до 19 јуни
Следен напис Во украинскиот регион Херсон поплавени се околу 10.000 хектари земјоделско земјиште, а уништени 30 системи за наводнување – Што ќе се случи кога водата ќе се повлече?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?