Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Презентирана туристичката понуда на националниот парк „Галичица“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Презентирана туристичката понуда на националниот парк „Галичица“
Шумарство и водостопанство

Презентирана туристичката понуда на националниот парк „Галичица“

Објавено 23/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Туристички вршители на дејност на територија на националниот парк „Галичица“ денеска ги промовираат своите производи и активности во рамки на отворениот ден на установата што се одржува под мотото „Национален парк Галичица и пријателите поблиску до вас“. Целта на настанот, според соработникот за еколошка едукација Ангела Тасеска, е промоција на сите туристички вршители на дејност на територија на паркот.

– Сакаме да направиме една кратка промоција на нашата работа и да се потсетиме кои се дозволени и забранети активности во НП „Галичица“, но и како треба да се однесуваме во еден национален парк. Сите организации и посетители имаат можност да дадат свои идеи и предлози како до подобра, беспрекорна работа на Установата, меѓусебно запознавање, комуникација и дружење, изјави Тасеска.

Совеста на граѓаните, според Тасеска, е на многу ниско ниво што го покажуваат отпадоците коишто ги оставаат зад себе.

– Сите да ги почитуваме правилата за заштита на животната средина, заедно да придонесеме за животната средина, заеднички да работиме затоа што паркот не е само на институцијата НП „Галичица“, туку е на сите нас, порача Тасеска.

Претставникот на алпинистичкиот клуб „Патагонија“ и Планинската спасителна служба при Црвениот крст – Охрид, Антонио Додески презентираше дел од опремата што ќе се користи за „Виа фератата“, која е во изработка, а ќе биде дел од понудата на НП „Галичица“.

– Тоа е еден од најдобрите начини за соработка меѓу различни институции, кои меѓу себе се надополнуваат и отвараат нови можности за посетителите и за туристите нагласи, Додевски.

Својата понуда ја претстави и нуркачкиот клуб „Амфора“, кои преку посебна програма им нудат на посетителите можност да искусат што нуди Охридското Езеро.

– Луѓето можат да искусат што нуди Охридското Езеро, на кои локалитети може да се нурка. Нашиот клуб се грижи езерото да биде чисто. Организираме низа еколошки акции во текот на годината за собирање на отпадот, кој несовесните граѓани го фрлаат, изјави Стојче Џепароски, претставник од „Амфора“. Присутните имаат можност да вкусат и некои подзаборавени традиционално подготвени специјалитети направени од рацете на „Пирустија Неданоски“ и „Рурални жени“ од Преспа.

May be an image of food

За Наташа Неданоска од домаќинска куќа „Пирустија Неданоски“, лоцирана во атарот на НП „Галичица“ ова е одлична можност да се запознаат сите што дејствуваат на територија на паркот и да ги вмрежат своите понуди. Претстави традиционална храна, микс од градски и селски туризам, прилагодени и направени во земјен сад и испечени под сач на пирустија. Дел од традиционалната Преспанска храна презентираше здружението „Рурална жена“, кои според претседателката Виолета Прцуловска, најголем акцент даваат на јаболкото и специјалитетите со јаболко. Забележа дека гостите најмногу се воодушевуваат на преспанската храна, а дел од активностите на здружението е и производството на планински чај заштитен од НП „Галичица“.

May be an image of 2 people, outdoors and text


Може да ви се допадне

Национален парк „Галичица“: Забележана мечка над селото Горно Коњско, апел за зголемена внимателност
Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
Таг:галичица
Претходен напис Индонезија ја укинува забраната за извоз на палмино масло – Што значи тоа за глобалниот пазар?
Следен напис Што да правите ако стеблата на младите овошки се наведнуваат на страна?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?