Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Презентација на спроведени активности за производство на семе за грав и пиперка поотпорно на климатски промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Презентација на спроведени активности за производство на семе за грав и пиперка поотпорно на климатски промени
Агровести

Презентација на спроведени активности за производство на семе за грав и пиперка поотпорно на климатски промени

Последна измена: 29/09/2021 07:59
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Земјоделскиот институт – Скопје и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) денеска организираат презентација на реализираните активности за производство на квалитетен семенски материјал за грав и пиперка со поголема отпорност на климатските промени.

Досега на терен се реализирани демонстративни опити со две популации тетовски грав и три сорти пиперки (сиврија, амфора и везен лут пипер). Во наредниот период се планираат неколку есенски опити со една житна култура. За време на вегетациската сезона и реализацијата на активностите на терен, беа организирани бесплатни обуки за 45 индивидуални земјоделски стопанства, претставници од здруженија на земјоделци и земјоделски правни субјекти. Целта на обуките беше да им се помогне на земјоделците да научат како да го прилагодат производството на климатските промени и да остварат оптимални приноси преку производство на квалитетен семенски материјал.

Презентацијата ќе се одржи во Земјоделскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Одделение во Кочани и на опитните полиња во кругот на зградата.

Настанот се организира во рамки на регионалниот проект на ФАО за техничка соработка „Создавање погодна средина за подобрена отпорност на земјоделството на климатските промени”. Проектот спроведува активности фокусирани на квалитетно семепроизводство за три земјоделски култури: грав, пиперка и една житна култура, преку поставување демонстративни опити во два региона за секоја култура – Кочани и Скопје. Целта е преку демонстративните опити да се оцени влијанието на климатските промени врз производството во различни услови, како и ефектите од примената на различни агротехнички мерки за зголемување на отпорноста на одгледуваните видови кон климатските промени.

МИА

Може да ви се допадне

Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари
Таг:пиперкиСеменски материјал
Претходен напис Почна културно-промотивната манифестација „Денови на кочанскиот ориз”
Следен напис Младиот пчелар Ане Василков испраќа порака за зачувување на пчелите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?