Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна културно-промотивната манифестација „Денови на кочанскиот ориз”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна културно-промотивната манифестација „Денови на кочанскиот ориз”
Агровести

Почна културно-промотивната манифестација „Денови на кочанскиот ориз”

Објавено 29/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image


Со изложбата на делата од Ликовната колонија „Арт варијации”, вчера почна 30. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2021″.

Годинашнава петдневна културно-промотивна манифестација, посветена на главната земјоделска култура во кочанскиот регион, содржи десетина настани што поради здравствените протоколи во услови на пандемија, во најголем дел ќе се реализираат на отворено.

Централниот дел од манифестацијата, со традиционалното зажнејување и вршидба на ориз ќе се одржат в сабота, на 2 октомври, на површините на Институт за ориз во Кочани, а носител на презентацијата на обичаите ќе биде Здружението на пензионери – Кочани. Во таа пригода ќе биде доделена и наградата на најуспешниот оризопроизводител, по што ќе се одржи фолклорен концерт на платото во Трговскиот центар.

Фото: принтскрин Facebook

Во рамки на „Деновите на кочанскиот ориз” ќе има проекција на анимирани филмови и на едукативни еколошки видеоматеријали поврзани со осоговскиот заштитен предел, а во Центарот за култура „Бели мугри” ќе се одржи работилница за анимација со ученици од основни училишта во Кочани, која ќе ја водат претставници од Фестивалот „Анимакс” од Скопје.

Во програмата на манифестацијата е и промоција на книгите „Византија и Русија од појавата на Русија до смртта на кнезот Владимир” од Иле Велков и „Аматерски театар Бели мугри – Кочани” од Киро Герасимов.

На 1 октомври во дворот на ОУ „Малина Попиванова” ќе се одржи велосипедска работилница, на која најмладите ќе се обучуваат за одржување и користење на велосипедот како еколошко превозно средство.

МИА

Може да ви се допадне

Без вода делови од општините Центар и Карпош
Јанчев: Со измените на Законот за винарии, државата ќе кофинансира до 50% за нови мали винарии, а постапките за обезбедување локации ќе бидат олеснети
Стопанската комора предлага намалување на бројот на неработни денови на 13 и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
Нивото на водата во Охридското Езеро четири сантиметри над месечниот просек
Обесштетување за сточарите и 450.000 вакцини против сипаници кај овците, најави министерот Серафимовски
Таг:денови на кочански ориз
Претходен напис Денеска облачно и свежо, со повремени врнежи од дожд
Следен напис Презентација на спроведени активности за производство на семе за грав и пиперка поотпорно на климатски промени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?