Откако стапија во сила законските олеснувања во 2020 година, досега се регистрирани над сто мали семејни винарии во земјава, а се зголемува и интересот за почнување фамилијарен вински бизнис, велат од здружението „Тиквешки семејни винарии”.
Негови претставници кои доаѓаат од повеќе македонски општини, изминативе денови беа во стручна посета на словенечки винарници. Ја посетиле фирмата „Малерич” што произведува винска опрема, а биле во посета и на неколку винарии.
Енологот Елена Богева појасни за МИА дека во Словенија имале можност да се запознаат со тамошната винска приказна, да разменат искуства и да продолжат со соработка, а целта е, како што нагласи, развој на винарството и винскиот туризам.
Посетата на Словенија била на иницијатива на „Винар консалтинг” и фирмата „Малерич”. Негови претставници кои доаѓаат од повеќе македонски општини, изминативе денови беа во стручна посета на словенечки винарници. Ја посетиле фирмата „Малерич” што произведува винска опрема, а биле во посета и на неколку винарии.
