Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Претставници на АФПЗРР учествуваа на меѓународна TAIEX работилница за имплементација на ИПАРД програмите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Претставници на АФПЗРР учествуваа на меѓународна TAIEX работилница за имплементација на ИПАРД програмите
Агровести

Претставници на АФПЗРР учествуваа на меѓународна TAIEX работилница за имплементација на ИПАРД програмите

Објавено 20/10/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во периодот од 15 до 16 октомври 2025 година, во Брисел, Кралството Белгија, се одржа TAIEX работилница на тема „Имплементација на ИПАРД програмите“, организирана во соработка со Директоратот за земјоделство и рурален развој при Европската комисија (DG AGRI).

На работилницата учествуваа претставници од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Молдавија, Црна Гора, Србија, Турција и Украина, со цел размена на искуства и добри практики меѓу земјите-кориснички на ИПАРД програмите и земјите-членки на Европската унија.

Фокусот на работилницата беше насочен кон подобрување на процесите за планирање, управување и мониторинг на ИПАРД програмите, како и споделување на успешни модели за спроведување на јавни повици, критериуми за избор на проекти, финансиска контрола, видливост на ЕУ поддршката и верификација на проекти на терен.

Претставниците на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој активно учествуваа во дискусиите и групните сесии, при што беа презентирани и националните искуства во имплементацијата на ИПАРД II Програмата и тековните подготовки за ИПАРД III.

Во рамки на работилницата, директорот на Агенцијата, Илија Стоилев, оствари билатерални средби со директорите на ИПАРД агенциите на Турција, Србија и Црна Гора, на кои беше разговарано за унапредување на меѓусебната соработка, размена на искуства и можности за заеднички активности во насока на поефикасна имплементација на ИПАРД програмите.

Работилницата претставува значаен придонес кон унапредување на институционалните капацитети и понатамошно подобрување на ефективноста во спроведувањето на европските фондови за рурален развој.

АФПЗРР

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:TAIEX работилницаАФПЗРРипардмеѓународна
Претходен напис Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
Следен напис Истражување: На Македонија и се потребни 56 години за да го стигне европскиот просек за стандардот на живеење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?