Кинезите со својот нов трактор кој го нарекоа ET504-H сакаат да се позиционираат на пазарот на еколошки прифатливи земјоделски машини, пишува futurefarming.
Со својот спортски изглед, овој футуристички модел поддржува 5G технологија на мобилна комуникација и управување од далечина.

Постигнува максимална брзина од 30 kм/час
Овој трактор, има главен, перманентен магнет, синхронизиран и независен електричен мотор за подигнување и управување. Водородниот дел за горивото, работи кога машината не бара полна снага, додека пак под големо оптеретување ќе го напојува литиумска батерија. Електричниот погонски склоп може да испорача 50 коњски сили при максимална брзина од 30 километри на час.
Технологија на беспилотни кластери
Оваа навигациска технологија може во реално време да ја детектира состојбата на возилото и околното работно опкружување. Ги користи предностите на 5G карактеристиките како што се големата брзина, мала латентност и ги комбинира со интелигентна технологија на кластери без возач, за ефикасно подобрување на сигурноста на земјоделските машини и обезбедување подобри услуги за потрошувачите.
Тракторот заеднички го развија Luoyang Research Institute for Intelligent Agricultural Equipment (CHIAIC) и базата за истражување и развој на напредна производствена индустрија Luoyang која работи во сколп на Научниот институт за напредна опрема во Тиањин на Универзитетот Tsinghua. Во развојот е вклучен и најголемиот кинески производител на трактори YTO кој произведе некои делови за прототипот.

Нема јасен пазарен план
– „На локано ниво сакаме да ја демонстрираме работата на овој автономен трактор кој работи на водород и да покажеме како е можно тоа во земјоделската пракса“, вели Huang Shengcao, заменик генерален директор на CHIAIC-a.
На моделот ET504-H до сега се извршени низа прегледи и во производството и во мркетингот. Но поради високите трошоци потребни за батериите на тракторот, уште нема јасен план на продажба. Меѓутоа, нагласуваат иноваторите, тоа може брзо да се промени.
Веќе некое време се спроведуваат истражувања на замјоделски машини кои работат на водородно гориво. Така New Holland во 2009 година го претстави својот прв трактор на овој вид на погон кој после тоа на европските фарми беше во употреба до 2012 година. Но поради ограничената достапност на горивото и високите производни трошоци, никогаш не стана комерцијално одржлив.
Извор: Агроклуб
