Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Претставен план за непречено снабдување со струја за наредните шест месеци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Претставен план за непречено снабдување со струја за наредните шест месеци
Агровести

Претставен план за непречено снабдување со струја за наредните шест месеци

Објавено 07/09/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се подготвуваат сите домашни ресурси за максимално производство на струја, а од денеска треба да стартуваат и активностите за работната група со Бугарија што ќе ги подготви техничките детали за договорот што ќе овозможи снабдување со 200 мегават-часа струја за потребите на државава заклучно со март.

Советот за безбедност (СБ) којшто вчера расправаше за енергетската криза одлучи да се подготват сите ресурси на државата за максимално производство на сопствена енергија. Целта, како што изјави премиерот Димитар Ковачевски, е во најтешкиот период кој почнува на 1 октомври и ќе трае до април 2023 година па и понатаму, до почетокот на летото, на сите граѓани, ученици, студенти, средни, мали и микро бизниси да им се обезбеди најниска можна цена на струјата, како и снабдување со топлинска енергија по сегашната цена со задржување на евтината тарифа и 24-часовна достапност.

Премиерот и членовите на Владата го информирале СБ за анализите и проекциите за претстојната сеозна, за чекорите кои досега се преземаа во однос на ескалирањето на цената на струјата, како и за мерките што ќе се поддржат за поддршка на домаќинствата и бизнис секторот.

Претседателот Стево Пендаровски информираше дека го свикал Советот за безбедност затоа што смета дека е важно да се слушнат сите надлежни на тема која овој период е далеку најважна и ги засега буквално сите и оти нѐ очекува тешка зима. Истакна дека нарушената безбедност на европскиот континент поради војната во Украина предизвика тектонски промени и неколку кризи кои се чувствуваат во повеќе сектори.

-Не е тајна дека не очекува тешка зима. По пандемијата сега сме соочени со голема енергетска и економска криза, рече Пендаровски.

До почетокот на идната година ќе нема поскапување на струјата, но, укажа Ковачевски, ако се погледнат сите влезни параметри, на сите им е јасно дека цените од идната година ќе бидат во пораст. Планот за производство на ЕСМ годинава ќе се зголеми за 25 отсто. Постојат и ризици, посочи премиерот, поради можни испади заради застареност на опремата во некои блокови стари по 45 – 50 години, но и во однос на цените во светски рамки, евентуални забрани за извоз на природен гас и други суровини за производство на електрична енергија.

Според Ковачевски, до 300 милиони евра ќе бидат потребни за непречено снабдување со струја во наредните два квартала, дел од средствата се веќе обезбедени. Планот на Владата е да нема рестрикции, а догодина повторно да се субвенционира струјата за да не се дозволат ценовни шокови.

Се работи и на нов енергетски план за следната пролет, како и на план за максимално зголемување на производството на храна. Кoвачевски по завчерашната средба во Софија со тамошниот технички премиер Донев рече дека Владата ќе направи сѐ за да обезбеди на стопанството цена на електрична енергија која ќе биде оптимална на овие услови, да биде под берзанската цена и да биде издржлива за стопанските субјекти. Тоа треба да се реализира со формирање на работна група и други активности со Бугарија и соодветните тела во Европската Комисија.

Очекувањата се за максимум две недели да се дојде со одреден предлог кој мора да биде соодветен на легислативите на Бугарија и на Северна Македонија и на Европската унија. Во државава од 1 септември повторно е прогласена кризна состојба во енергетиката која што овозможува помош на домашните капацитети за зголемување на производството на струја.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:енергетска кризаструја
Претходен напис Продолжуваат турбуленциите на пазарот – Повторно пад на цените на пченицата и пченката
Следен напис АД ЕСМ и понатаму продава ноќни вишоци на енергија, ги повикува субјектите на кои им е потребна да се пријавуваат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?