Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Претседателот Пендаровски на средба со жените фармери во гостиварското село Тумчевиште
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Претседателот Пендаровски на средба со жените фармери во гостиварското село Тумчевиште
Магазин

Претседателот Пендаровски на средба со жените фармери во гостиварското село Тумчевиште

Објавено 27/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ го посети гостиварското село Тумчевиште и оствари средба со претставничките на локалното здружение на жени фармери „Моја Фарма“ и се запозна со нивното делување.

На средбата, на којашто покрај претседателката на локалното здружение на жени фармери „Моја Фарма“, Живка Ѓурчиновска, која е првата жена регистрирана како индивидуална земјоделка во ова село присуствуваа и претставници од здружението „Руралната коалиција“ и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Во разговорите, претседателот Пендаровски се запознал со поддршката којашто ја добиваат од државата, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат во однос на пласманот и откупот на земјоделските производи, малиот број на откупни центри, како и лошата инфраструктура.

Од кабинетот на шефот на државата, наведуваат дека жените земјоделки го информираа претседателот Пендаровски за нивните натамошни планови, со условите за работа како и со потребата од поголемо родово одговорно буџетирање во земјоделството и руралниот развој. Со цел да ги следат современите процеси, жените земјоделки истакнаа дека е неопходно постојано инвестирање во модернизација на производството.

Меѓу останатото претседателот Пендаровски беше информиран со активностите на нивното здружение во кое членуваат околу педесетина жени, организирањето на манифестацијата „Да ја зачуваме традицијата“, како и со работењето на нивната онлајн продавница „Наша тезга“ како прв интернет пазар за продажба на земјоделски производи и преработена храна на традиционален начин, произведени исклучиво од жени од руралните средини.

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:жените фармериПендаровскисредбаТумчевиште
Претходен напис Во Берово реализирана тактичко-показна вежба „Евакуација и спасување на повредени и загрозени лица од пожар”
Следен напис Бачовски: Поддршката од ИПАРД особено важна за младите агробизнисмени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?