Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне со повремен пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 22 степена. Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од четврток.
Локални врнежи од дожд ќе има ноќва и утре наутро и ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Попладне врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Претпладне сончево, попладне нестабилно со врнежи од дожд
Остави коментар
Остави коментар
