Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Преспанското јаболко доби заштитена географска ознака со која се потврдува неговата автентичност


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски потпиша 17 решенија на прозиводители на праспанско јаболко, кои успешно ја поминаа верификацијата и ќе можат непречено да го користат заштитениот географски назив „Преспанско јаболко“.

-Со заштитата на „Преспанско јаболко“, географскиот назив се заштитува од имитација, злоупотреба и лажно декларирирање. Всушност се заштитува угледот и автентичоста на овој произод. Потрошувачите кои ќе видат производ јаболко што ја носи оваа ознака, можт да бидат сигурни дека ќе конзумираат автенитечен производ од Преспанскиот регон со загарантиран квалитет, наведува МЗШВ.

Врз основа на член 148 став 1 од Законот за квалитетот на земјоделските производи, Земјоделската задруга ЗЗ Преспанка – преспанско јаболче од Ресен, кон крајот на 2021 година поднесе барање за регистрација на географска ознака до Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство. За таа цел се формираше Стручна комисија за спроведување постапка за регистрирање на заштитена географска ознака – Преспанско јаболко.

-Стручната комисија во целост ја запази постапката за регистрација при што донесе две одлуки: дека барањето, ревидираниот елаборат и пропратната документација за регистрирање на заштитена географска ознака – Преспанско јаболко се основани и дека предлог контролниот план изработен од страна на Државниот инспекторат за земјоделство за верификација на соодветноста на производот со елаборатот е основан. Врз основа на горенаведените одлуки, министерот за земјоделство донесе одлука за одобрување на контролниот план, како и Решение за регистрација на заштитена географска ознака – Преспанско јаболко, информира МЗШВ.

Државниот инспекторат за земјоделство, согласно одобрениот контролен план, изврши верификација на соодветност на лице место на површините со јаболка кај секој поединечен член на земјоделската задруга ЗЗ Преспанка – Преспанско јаболче од Ресен и достави Извештај за завршена верификација врз онсова на кој министерот потпиша 17 решенија на прозиводители на праспанско јаболко, кои во иднина ќе можат непречено да го користат заштитениот географски назив.-Ова е голем успех. Министерството останува отворено за поддршка на сите кои сакаат да го заштитат својот производ со некоја од ознаките за квалитет: заштитена географска ознака, ознака за потекло и загарантиран традицонален специјалитет, истакнува МЗШВ.

Мар 17, 2023agrotim4
Исплатена финансиска поддршка за одгледувачите на говеда и пчелни семејстваКараванот на теренската кампања на МЗШВ во Свети Николе, Лозово и селата Ерџелија,  Милино и Мустафино

Напишете коментар Откажи одговор

17/03/2023 Агровести41

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019